03 Мај, 2024
0.0259

ПРАВАТ МИЛИОНИ ЕВРА: Кои се најуспешните охридски хотелиери?

Објавено во: Економија 10 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Хотели Метропол останува број еден по приход и според профит, хотелски бренд на охридската ривиера. Одлични резултати има хотелиерската фирма „Филип Охрид ДООЕЛ“, а најсилен прогрес остварија трите дами сопственички на „Уникат 2017“ фирма што управува со „Јуник Ресортс“

Најголемите седум охридски хотелиерски компании заедно направиле приход од 10 милиони евра во 2018 година, покажуваат официјални податоци достапни во базата на ЦРМ кои се однесуваат на охридските компании кои стопанисуваат со хотелите: „Метропол“, „Белви“, „Турист“, „Десарет“, „Инекс Горица“, „Свети Стефан“, „Гранит“ и „Јуник ресортс“. Од најголемите седум хотелиерски компании пет годината ја завршиле со добивка, а две работеле со загуба.

Очекувано најуспешна компанија е „Хотели Метропол“ која стопанисува со трите најголеми хотели на ривиерата: „Белви“, „Метропол“ и „Турист“. Оваа компанија во која најголем акционер е скопски „Фершпед“ во 2018 година остварила приходи од работењето во износ од 3,25 милиони евра, а добивката изнесува 496.000 евра. Профитната маргина на оваа компанија изнесува 15,2 отсто.

На второто место е за компанијата Филип Охрид ДООЕЛ компанија што управува со хотел Филип. Оваа компанија во 2018 година остварила приход од 2,7 милиони евра и добивка од 266.000 евра. Сопственик на оваа фирма е Климе Василески.

Следна хотелиерска компанија која остварила приход што надминува еден милион евра е Хотел Гранит Охрид. Оваа хотелско друштво во 2018 година остварило приход од 1,2 милиони евра и профит од 150.000 евра. 

Најубавата охридска тераса по која е препознатлив еден од најреномираните охридски хотели Инекс Горица во таа година завршил со приход од 805.000 евра и загуба од работењето во износ од 78.000 евра. Во слична ситуација во 2018 година била и познатата охридска туристичка компанија Охрид Турист која ги поседува хотелите Десарет и Орце Николов, авто кампот Љубаништа, ресторанот Острово кај Свети Наум и Летница во центарот на градот. Оваа компанија годината ја завршила со приход од 727.000 евра и загуба од околу 200.000 евра.

За успешно работење во 2018 година треба да се посочни новиот хотелски охридски бренд Јуник Ресортс сопственост на компанијата „Уникат 2017“ сопственост на три дами: Ирена Јакимоска, Климентина Мартиновска и Кристина Трајковска Котеска. Оваа компанија во 2018 година успеала да оствари приход од 887.000 евра и да оствари добивка од 119.000 евра, што е профитна маргина од 13,4 отсто, а има поголеми приходи од големите хотелиерски компании „Инекс Горица“ и „Охрид Турист“.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија