27 Април, 2024
0.0285

Прават милиони евра од трговија со отпад! Кои се тие?

Објавено во: Економија 14 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Во дејноста трговија на големо со отпадоци и остатоци има регистрирано 75 домашни фирми. Меѓу нив има пет друштва кои оствариле добивки кои надминуваат 100.000 евра

Во Македонија трговијата на големо со отпад и остатоци е вносен бизнис. Има вкупно 75 компании кои се регистрирани за трговијата на големо со отпадоци и остатоци. Меѓу нив има пет компании кои имаат добивки од најмалку 6 милиони евра или околу 100.000 евра, а меѓу нив убедливо најпопуларна или поточно „нај извикана“ е депонијата „Дрисла“ која има повеќе дејности на делување меѓу кои една е и трговијата на големо со отпадоци и остатоци.

Официјалните податоци достапни од ЦРМ покажуваат дека меѓу овие пет компании кои се заминаваат со трговија на големо со отпад и остатоци најмалата во 2018 година остварила приход од 942.000 евра, а најголемата има приход од 4,85 милиони евра и тоа , замислете, не е „Дрисла“!

„Нутривет“ е скопска компанија која е регистрирана за дејноста трговија на големо со отпадоци и остатоци. При пребарување на интернет се наоѓа иистоимена фирма која се занимава со увоз на ветеринарни медицински препарати, а воедно се занимава и со откуп на стара хартија.
Оваа компанија, чиј сопственик е физичко домашно лице Живко Серафимовски, во 2018 година остварила приход од 4,85 милиони евра, а нејзината добивка изнесува 292.000 евра.

„Дрисла“ е компанија која има најголем профит во конкуренција на овие пет компании, но мора да се истакне дека ова јавно претпријатие својот профит го остварува од повеќе дејности, а не само од трговија со отпад на големо. ВО 2018 година, оваа компанија беше управувана од приватна иницијатива, и оствари приходи од 3,9 милиони евра и профит од 389.000 евра што значи дека имала профитна маргина од речиси 10 отсто. Очигледно е дека приватната иницијатива на италијанско-македонските бизнисмени знаела да прави пари од отпад.

Две компании во 2018 година оствариле приходи од 2,8 милиони евра, а и двете се регистрирани само за дејностите трговија на големо со отпадоци и остатоци. Тоа се Еуро Бос РАФ од скопско Студеничани и Даскало од прилепско Мало Коњари. Еуро Бос РАФ е сопственост на Асан Идризи и оваа компанија во 2018 година остварила приход од 2,8 милиони евра и добивка од 150.500 евра. Прилепската компанија сопственост на Јане Даскалоски била поуспешна. Таа остварила приход од 2,8 милиони евра и нејзината добивка за 2018 година изнесува 234.300 евра.

Најуспешна фирма во трговијата на големо со отпадоци и остатоци е штипската фирма Оаза Минерали сопственост на Соња Ивановска. Оваа фирма во 2018 година остварила приход од 942.000 евра, а добивката за таа година изнесува 199.000 евра. Добивката изнесува 21 отсто од приходите остварени во таа година.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра