26 Април, 2024
0.0300

Правата на потрошувачите ќе се штитат со 1,3 милиони евра од ЕУ

Објавено во: Економија 02 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Стартува нов проект за заштита на потрошувачите, вреден над 1,3 милиони евра, што Министерството за економија го реализира во соработка со делегацијата на Европската унија во Скопје, најави министерот за економија Беким Незири. Проектот „Хармонизација на законодавството и градење на капацитетите во областа на заштитата на потрошувачите“ е поделен во два дела. Првиот, во вредност од 700.000 евра, има за цел комплетно усогласување на националното законодавство со законодавството на ЕУ, зајакнување на институционалните и технички капацитети за ефикасно решавање на потрошувачките прашања во земјата, подигање на јавната свест за правата на потрошувачите, вклучувајќи и континуирано информирање на потрошувачите за безбедноста на производите. Вториот дел од проектот, пак, е грант договор во вредност од 630.000 евра, наменет за зајакнување на невладиниот сектор, односно е наменет за невладините организации од областа на заштита на потрошувачите. Конфинансирањето од македонскиот Буџет ќе биде во висина од 10% од вкупните средства издвоени за проектот. „Досега, во двогодишните програми за заштита на потрошувачите, средствата што беа превидени за оваа намена беа премали за да може да се направи поголем исчекор во овој дел, односно во 2012 година беа издвоени 530.000 денари, во 2013 - 500.000 денари, а за оваа година 550.000 денари. Покрај тоа што за следната година ќе се обидам да овозможам барем тројно повеќе средства за потрошувачите и нивните права, сметам дека овој проект кој денеска го промовираме може да овозможи остварување на нашата цел, а тоа е воспоставување на функционални механизми за соработка со невладините организации, подготвени административни капацитети, како и создавање на силна правна рамка за заштита на потрошувачите, поточно секој потрошувач во Македонија да ги ужива сите права како и европскиот потрошувач“, вели Незири. Меѓу првите резултати од отпочнување со овој проект ќе биде постоењето на построги правила за компаниите и давателите на услуги за почитување на правата на потрошувачите.

Можеби ќе ве интересира

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9