ПРЕД 10 ГОДИНИ БЕА ЕВРОПСКО СИРАЧЕ, СЕГА ЦВЕТААТ: Како оваа земја ја победи економската криза
Објавено во: Финансии 01 Мај, 2018
Португалија беше една од европските нации која најсилно беше погодена од светската економска криза. Дури во 2010 година, медиумите во оваа сончева земја пишуваа како за „сирачето на Европа“, предвидувајќи и „грчко сценарио“.
Работите драстично се променија па сега оваа земја станува привлечна за странците кои повеќе купуваат недвижнини и се доселуваат.
Португалија воведе поттикнување на мерки пред двете години во обид да го врати имиџот и да привлече високо квалификувана работна сила. Но, нивната привлечност кај богатите пензионери предизвика тензии внатре во Европската унија.
Португалија е посакувана и поради одличните терени за голф, 300 сончеви денови во годиниата и излез на топли океански води. До крајот на 2016, се тоа заедно привлекло 10 684 странци, а само лани од Шведска во Португалија се населиле 777 луѓе.
Уште една причина е безбедноста. Сликата за државата е променета и сега се смета за безбедна земја. Покрај Исланд и Нов Зеланд се рангира на трето место во светот по безбедност.