26 Април, 2024
0.0324

Пред-дијабет – предупредување за навремен третман и лекување на дијабетес тип 2

Објавено во: Македонија 30 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Дијабетот денес прераснува во своевидна пандемија, опфаќајќи го секој единаесетти човек на глобално ниво, односно над 400 милиони луѓе. Дополнително загрижува фактот што ваквата енормна бројка е во постепен, благ раст. Причините за ваквиот тренд се бројни, а како дел од нив може да ги издвоиме: генетиката, исхраната, недостатокот од физичка активност, стресот и сл. Начинот на живот е најверојатно најважниот фактор кој сериозно го зголемува или пак намалува ризикот за дијабет, но и за голем  број други здравствени состојби.

За среќа, нашето тело понекогаш ни дава предупредувачки сигнали, односно доаѓа до појава на пред-дијабет т.н „жолт картон“ пред појавата на дијабет. Доколку дојде до појава на пред-дијабет или рана фаза на дијабет тип 2, важно е и неопходно е да се препознаат и воочат раните знаци и симптоми на болеста.

Што претставува дијабетот тип  2

Дијабетот тип 2 претставува состојба во која  телотонеправилно и отежнато се справува со шеќерот во крвта. Се работи за хронична состојба која резултира главно поради 2 причини. Едната е поради панкреасот кој не произведува доволно инсулин, а како втора причина се смета намалената сензитивност, односно влошениот и ослабнат одговор на клетките кон инсулинот. Ова доведува до неефективно дејство на инсулинот, со што клетките внесуваат помалку шеќер во себе од потребното.

Дијабетот тип 2 се асоцира со повозрасната популација, но за жал, денешниот начин на исхрана и сè почестата застапеност на прекумерната телесна тежина кај популацијата, доведува до појава на овој тип на дијабет и кај помладата популација.

За дијабетот тип 2 не постои конкретен лек, но се смета дека регулирањето на телесната тежина, здравата и балансирана исхрана и редовната физичка активност можат да помогнат болеста да се одржува под контрола.

Кои се раните знаци и симптоми за појава на овој тип дијабет?

Знаците и симптомите на оваа болест се појавуваат доста бавно и често луѓето живеат подолг период без воопшто да бидат свесни дека имаат дијабет тип 2. Затоа е важно да се препознаат и воочат раните симптоми кои може да ни помогнат навремено да ја дијагностицираме ваквата состојба.

Дел од почетните симптоми на дијабетот тип 2 се:

Зачестено мокрење - се јавува како резултат на зголемениот обем на работа на бубрезите кои се обидуваат да го исфрлат вишокот шеќер од крвта.

Зголемена жед - ваквиот симптом се поврзува и со зачестеното мокрење, односно потребата на организмот побрзо и во поголема мера да ја филтрира крвта со цел да го исфрли вишокот шеќер од крвта.

Редовно чувство на глад - лицата со дијабет најчесто не добиваат доволно енергија од храната која ја внесуваат. Глукозата која е присутна во крвта, не доаѓа ефективно и во доволни количини до нашите клетки, а тоа значи дека можно е да се јави константно чувство на глад.

Чувство на замор - поради недоволната искористенот на шеќерот, се јавува и одреден недостаток на енергија кај лицата со дијабет. Тоа може да предизвика константно чувство на замор.

Заматен вид - вишокот шеќер кој е присутен во малите крвни садови во очите може да предизвика одредено заматување на видот. Тоа може да се јави кај едното око или во двете очи и може да е привремено и ретко.

Чувство на пецкање или болка во дланките и стапалата - високото ниво на шеќер во крвта може да доведе до оштетување на нервите, а со тоа да се јави и чувство на пецкање или непријатност, особено во дланките и стапалата.

Бавно заздравување на рани и исекотини - високото ниво на шеќер во крвта ги оштетува нервите и крвните садови што доведува и до намалена циркулација. Поради тоа, повредите од типот на рани и исекотини заздравуваат побавно и ризикот за инфекција кај нив е зголемен.

Препознавањето на раните симптоми може да значи и порана дијагноза, а со тоа и навремен третман и лекување. Тоа може значително да го смени текот на оваа здравствена состојба, а и да го заштити и подобри целокупното здравје. Доколку не се третира, дијабетот може да доведе до сериозни проблеми како: срцеви заболувања, мозочен удар, оштетување на нервите, оштетување на бубрезите, нарушен вид, па дури и смрт.

Покрај лекарствата кои може да помогнат при третирање на кој било тип на дијабет, промените во животните навики исто така можат да имаат исклучително позитивен ефект.

Регулирање на телесната тежина, поредовна физичка активност, добра хигиена на спиење, избегнување и контролирање на стресот и секако здрава исхрана се дел од најчестите препораки за подобро справување, па дури и превенција на дијабетот.

Доколку дијабетот веќе настанал, еден од првите чекори коишто треба да се преземат е посветување внимание на исхраната и на здравите животни навики.

Можеби ќе ве интересира

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица

ПОЧИНА ЕДЕН ОД ОМИЛЕНИТЕ ПРОФЕСОРИ НА МАКЕДОНСКИТЕ АКТЕРИ ШТО СТУДИРАЛЕ ВО СОФИЈА, АЛЕКСАНДАР ИЛИЕВ: „За сите кои бевме дојдени од странство се грижеше како за свои деца“

ПОЧИНА ЕДЕН ОД ОМИЛЕНИТЕ ПРОФЕСОРИ НА МАКЕДОНСКИТЕ АКТЕРИ ШТО СТУДИРАЛЕ ВО СОФИЈА, АЛЕКСАНДАР ИЛИЕВ: „За сите кои бевме дојдени од странство се грижеше како за свои деца“

„ЗА РАЗЛИКА ОД МЕНЕ, ТИЕ ПРЕД ОЧИТЕ НА ЦЕЛА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ ИЗЛЕГОА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА“:Јакимовски му возврати на Муцунски за малиот број гласови на Стевчо

„ЗА РАЗЛИКА ОД МЕНЕ, ТИЕ ПРЕД ОЧИТЕ НА ЦЕЛА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ ИЗЛЕГОА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА“:Јакимовски му возврати на Муцунски за малиот број гласови на Стевчо