19 Мај, 2024
0.0453

ПРЕД УТРЕШНАТА ПОСЕТА НА ГРЦИЈА, ДИМИТРОВ ЗА ВИМА: Колку побрзо влеземе во НАТО, толку подобро за Грција

Објавено во: Македонија 13 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Колку побрзо Македонија ќе стане членка на НАТО, толку подобро ќе биде за Грција, изјавил новиот министер за надворешни работи Никола Димитров во интервју за грчкиот весник „Вима“

Во пресрет на посетата на Атина, планирана за утре, Димитров вели дека е подготвен да води конструктивни преговори, за да се најде решение за името на земјата. 

„Спорот за името трае многу години. Иако во суштина е билатерално, тој може да ја стави под закана регионалната стабилност. Република Македонија веќе подолго време е во состојба на неизвесност, и стои во чекалната пред вратите на НАТО и ЕУ, заклучени поради политичка изолација и покрај одлуката на Меѓународниот суд на правдата во Хаг. Тоа го отвори патот кон демократската криза во земјата“, рекол Димитров за „Вима“. 

Првиот македонски дипломат наведува дека новата реформска влада на чело со Зоран Заев одлучила да се надмине оваа криза.

„Вима“ пишува дека Димитров е еден од најдобрите специјалисти за темата за името, бидејќи бил преговарач, а во критичниот период пред Самитот на НАТО во Букурешт во април 2008, рече дека во Скопје „треба да признаат дека и тие направија грешки“.

„За Грција прашањето е: каков сосед сака да има? А за Македонија, прашањето е: каков сосед сакаме да бидеме? Колку побрзо нашата земја биде поканета за членка на НАТО, толку подобри ќе се изгледите Грција да има таква држава за свој сосед. Јас сум оптимист дека во најскоро време ќе започнеме преговори и за влез во ЕУ, по толку позитивни препораки дадени од Европската комисија“, истакнал министерот Димитров.

Можеби ќе ве интересира

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево