ПРЕДИЗБОРНО: СДСМ ветува зголемени плати за наставничкиот кадар
Објавено во: Македонија 05 Октомври, 2016
На денот на наставниците опозицијата предизборно во дел од својата програма вети зголемени плати за наставничкиот кадар и дополнително ослободување на наставниците од сите непотребни административни обврски .
Радмила Шекеринска, заменик претседателка на СДСМ презентирајќи ги измените кои опозицијата ги најавува ако дојде на чело на државата, вети почетничка плата на наставник во првите две години колку просечната плата во Република Македонија.
„Наставниците ќе ги ослободиме од сите непотребни административни обврски кои го земаа нивното време и им претставуваа само притисок во работата. Ќе го укинеме екстерното тестирање и ќе ги ослободиме наставниците од стравот од казни“, потенцираше Шекеринска.
Таа смета дека само со мотивирани, ценети наставници, и со наставници кои се посветени на децата и на нивното знаење ќе добиме образование добро за 21 век.