06 Мај, 2024
0.0253

Предлог мерки за финансиска поддршка на студентите

Објавено во: Македонија 24 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Како привремена економска мерка и решение за неповолната финансиска ситуација во која се најдоа студентите по прогласување на вонредната состојба, Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ предлага воведување на вонредни социјални стипендии за студентите и тоа:

1.  Вонредна социјална стипендија за студентите од семејства со низок доход

(семејства со низок доход се семејства со месечни примања до 14 000 денари по член на семејство);

2.  Вонредна социјална стипендија за студентите кои ќе приложат доказ дека еден или повеќе од членовите на семејството останале без работно место како последица од вонредната состојба;

Лошата економска ситуација која во претстојниот период дополнително ќе се продлабочи е проблем кој не ги избегна ниту студентите. Голем дел од нив го финансираат своето образование од приходите на семејството, кои сега дополнително ќе бидат скратени, или пак од хонорарни и привремени ангажмани кои не се опфатени од досегашните мерки на Владата.

„Ваквата кризна состојба може да се надмине само со стабилно и систематско дејствување па затоа ги повикуваме надлежните институции да ги преземат потребните мерки со кои ќе се помогне на ранливите категории и студентите чии финансии енормно ќе бидат скратени во претстојниот кризен период. Покрај ваквите краткорочни мерки, за целосно решавање на кризната состојба потребни се и значително поголеми системски промени. Затоа дополнително ги повикуваме надлежните институции на нови разговори со цел креирање на долгорочни економски мерки кои ќе бидат донесени во претстојниот период со цел да се помогне на студентите кои ќе бидат најпогодени од ваквата ситуација“, стои во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

„КАКО ДА ГО ЧУВАМ ДЕТЕТО КОЕ СЕ ОПОРАВУВА И ДА ГИ ЛЕЧАМ РАНИТЕ ОД КУЧИЊАТА, БЕЗ ФИНАНСИИ“ - потресна приказна на граѓанка од Скопје

„КАКО ДА ГО ЧУВАМ ДЕТЕТО КОЕ СЕ ОПОРАВУВА И ДА ГИ ЛЕЧАМ РАНИТЕ ОД КУЧИЊАТА, БЕЗ ФИНАНСИИ“ - потресна приказна на граѓанка од Скопје

„ДВЕ ЛИЦА БЛИСКИ И ПОД КОМАНДА НА КИЧЕЕЦ МИ СЕ ЗАКАНУВААТ“ - Боки 13 вели дека нема да молчи и се ќе каже на второто гостување кај Лазаров

„ДВЕ ЛИЦА БЛИСКИ И ПОД КОМАНДА НА КИЧЕЕЦ МИ СЕ ЗАКАНУВААТ“ - Боки 13 вели дека нема да молчи и се ќе каже на второто гостување кај Лазаров

КАКО ВО ЛЕТО: ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ДЕНЕСКА - температури и до 26 степени

КАКО ВО ЛЕТО: ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ДЕНЕСКА - температури и до 26 степени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово