Предлог-законот со европско знаменце
Објавено во: Македонија 18 Јуни, 2018
Договорот за името ќе оди на ратификација во парламентот со европско знаменце, што значи дека ќе има одредени ограничувања на времетраењето на дискусијата., соопштија за „Независен весник“ владини извори.
Бидејќи договорот е означен како битен за интегрирањето во ЕУ, наместо преку Комисијата за надворешна политика, со која претседава Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, ќе се разгледува во Комисијата за европски прашања, кадешто претседава Артан Груби од ДУИ.
За закони со европско знаме, расправата во матичната комисија може да трае максимум три дена, по што договорот со евентуално поднесените амандмани би се нашол на пленарна седница.