ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА НЕВРЕМЕ ВО ГРЦИЈА: На удар ќе биде и Халкидики
Објавено во: Балкан 03 Јули, 2024
Невреме се очекува и кај јужниот сосед. По продолжениот топлотен бран, Грција во следните два дена ќе се соочи со силно невреме кое ќе биде придружено со силен дожд, невреме и град, објави Националната метеоролошка служба.
Националната метеоролошка служба издаде итно предупредување за промена на временските услови во Источна Македонија и Тракија.
Најинтензивно невреме се очекува во четврток и невреме ќе има во претежно планинските предели во централниот и северниот регион.Во четврток невремето ќе стигне до северниот дел на Егејското Море и кон копното на Грција. Подрачјата кои ќе бидат зафатени се: Источна Македонија, Тракија, Халкидики, Тесалија, Споради, Стерија, Пелопонез и Евија. На наведените места се очекува големо намалување на температурите. Предупредување за невреме е издадено и во Атика и Беотија. Разведрување ќе има во петок.
Вчера имаше невреме во повеќе балкански земји. Во Црна Гора загинаа двајца луѓе.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.