16 Јануари, 2025
0.0327

Прекопите во општина Центар ќе мора да се вршат согласно правилник

Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2014

Добивај вести на Viber

Во општина Центар отсега нема да можат поединци или инввеститори да копаат и прекопуваат по улиците како што сакаат и кога сакаат. Советот на општина Центар изгласа правилник за уредување на постапката и условите за издавање согласност за прекопи. Пред почетеокот на постапката за приклучоци на објекти на водоводна, канализациона, електрична, телефонска и друг вид на инсталација за која е неопходно прекопување на улици или тротоари, инвеститорот е должен да добие согласност од општина Центар. Нема да биде дозволено како досега, по завршување на работата да се оставаат несанирани дупки или прекриени и закамуфлирани со малку песок. Инвеститорот ќе биде должен јавната површина да ја врати во првобитната состојба. За новите улици со старост до 5 години се испитува можноста да се избегнат прекопите, со тоа што приклучокот би се извел со подземно бушење. Доколку ова е технички неизводливо, по прекопот улицата мора да се санира со тоа што ќе се врати во првобитна состојба минимум по 20 метри од левата и десната страна на прекопот по цела ширина на улицата. На улиците со старост од 5 – 10 години враќањето во првобитната состојба е минимум 15 метри, а за оние со старост до 15 години ќе биде неопходно враќање во првобитна состојба по 10 метри од лева и од десна страна и за оние над 15 годишна старост – минимумот е 5 метри. Доколку се прекопува тротоар тогаш инвеститорот ќе биде должен да го врати во првобитна состојба по цела ширина, а во должина  - 10 метри лево и десно од прекопот. Надоместот за поставување, реконструкција на инсталации во трупот на патот и патниот појас на улиците и тротоарите во надлежност на општина Центар изнесува 8% со вклучен ДДВ од вредноста на изградените градежни работи. Инвеститорот или барателот за да добие одобрение за вршење прекоп треба да поднесе барање со детална пресметка за градежната работа, точната адреса, должината на прекопот, времетраење на градежните активности и потребен период за санација, но не подолг од 10 дена. Инвеститорот и барателот мора да достават банкова гаранција во износ од 150% од пресметаната вредност потребна за санација.

Можеби ќе ве интересира

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката

ДИРЕКТОР НА КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ПРОНЕВЕРИЛ ПОВЕЌЕ ОД 14.000 ЕВРА: Обвинет е за проневера во службата

ДИРЕКТОР НА КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ПРОНЕВЕРИЛ ПОВЕЌЕ ОД 14.000 ЕВРА: Обвинет е за проневера во службата