19 Мај, 2024
0.0258

Преку 50.000 луѓе направија #ПаузаЗаПреглед – направи и ти!

Објавено во: Мои пари 24 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Живееме во динамично време, но модерната технологија денес ги поврзува луѓето на многу едноставен начин, менувајќи ги во целост нивните навики и потреби. Технологијата ни го олеснува животот, и иако растргнати во секојдневието, таа ни овозможува соодветно да се информираме и едуцираме.

Микросајот www.pauzazapregled.mk којшто беше пуштен во функција на почетокот од октомври, со цел да се подигне свесноста за борба против ракот на дојка и преку кој посетителите можат да ги научат основните чекори за самопреглед, е потврда дека модерната технологија навистина може да се користи за општо добро. Од почетокот на месецов, до денеска, преку 50.000 луѓе пристапија до сајтот и направија самопреглед на гради.

Микросајтот www.pauzazapregled.mk настана благодарение на кампањата на AVON – #ПаузаЗаПреглед, во која Македонски Телеком се приклучи како технолошки партнер. Она што двете компании го направија во месецот на борба против ракот на дојка е позитивен пример за општествена одговорност и претставува одличен начин како  јавноста да се информира за една од најчестите тешки болести во светот.


Многу често, луѓето се во заблуда кои се причините и зошто рапидно се зголемува бројката на заболени од рак на дојка, а митовите за оваа болест даваат погрешна слика и најчесто прават дополнителна штета. Затоа, исклучително важно е да се подигне свеста и да се дознаат вистинските факти за оваа тешка болест од која дневно во Македонија заболуваат по три нови жени.

Месецот октомври е посветен на борбата против ракот на дојка, но тоа не значи дека самопрегледите, лекарските прегледи и грижата за здравјето треба да престанат тука. Микросајтот www.pauzazapregled.mk сѐ уште е во употреба, ќе продолжи да функционира и по октомври, а до него можете да пристапите само преку мобилен телефон. Искористете ја технологијата за добро и заштитете го вашето здравје.

Приклучете се на кампањата #ПаузаЗаПреглед и најдете време за самопреглед преку три лесни чекори. Време е да одвоите време за најважната личност во вашиот живот – време е да одвоите време за вас!


Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО