Преку ноќ цените на становите скокнаа од 450 на 900 евра
Објавено во: Финансии, Балкан 03 Мај, 2018
Стотина студенти кои студираат во хрватскиот град Сплит се соочија деновиве со овој проблем.
Луѓето велат дека туризмот ги спасува, но од друга страна е катастрофа затоа што оние кои живееле во стан за кој плаќале 450 евра, добиле известување од газдите дека мора да бараат нов стан во рок од месец дена затоа што ќе го претворат во апартман.
Од становите 90 проценти се издаваат за туристи, а другите 10 проценти на потстанари.
Од агенциите за недвижности велат дека има потреба од купување на станови, и за долгорочно изнајмување, пренесува Слободна Далмација.