19 Јануари, 2025
0.0828

Преку нов закон до нови работни места, слобода на изразување и широкопојасен интернет

Објавено во: Мои пари 06 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Министерството  за  информатичко општество и администрација со нов закон за електронски комуникации најавува стимулирање на користењето побрз широкопојасен интернет, иновации, слобода на изразување, отворање нови работни места и  натамошен развој  на телекомуникацискиот пазар.

- Основата за натамошен развој во информациско комуникацискиот сектор, а  со тоа и на целокупната економија во државата  е развојот на следните генерации електронски  комуникациски мрежи и услуги, а особено на широкопојасниот интернет, рече министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски во обраќањето на јавната расправа за новиот закон.

Ивановски смета дека е потребно да се направи анализа на постоечкиот модел на универзална услуга, колку  е  корисна и дали е потребно да предложиме нов модел за нејзино искористување.

Новиот закон треба да овозможи ефикасно користење на радиофреквенцискиот спектар и нумерацијата, да помогне во унапредување на развојот и поттикнување инвестиции во јавните електронски комуникации со воведување нови технологии и услуги, а особено со воведување следни генерации јавни електронски комуникациски мрежи, како и да обезбеди доверливост на комуникациите.

Според Директорот на АЕК Роберт Орданоски за граѓаните ќе биде голема придобивка  тоа што широкопојасниот интернет ќе стане дел од универзалниот сервис.

 - Заложбата на ЕК и на БЕРЕК е да се  достигне дигиталната агенда 2020 со која 100 проценти од  граѓаните на ЕУ да имаат  пристап до широкопојасен интернет поголем од 30 мегабити во секунда. Тоа е и наша цел и затоа  АЕК во наредниот период ќе ги искористи сите законски ингеренции да им овозможи на операторите да ги изградат своите мрежи  на многу лесен начин, без да имаат трошоци, рече Орданоски.

Сите информации околу градењето на мрежите ќе бидат постирани на веб сајтот на АЕК. Ако има повеќе оператори кои истовремено сакаат да градат мрежи на исто подрачје,  појасни, практично ќе се направи една заедничка инвестиција, со што цената на изградбата ќе биде многу пониска, а со тоа и цената на услугата.

Во делот на развојот на заштитата на  правата на  корисниците АЕК добива поголеми  ингеренции затоа што ќе стане прекршочен орган што ќе изрекува прекршочни казни за помали прекршоци.

- Досега секој прекршок по  нашето предупредување завршуваше на суд, а сега за помали прекршоци АЕК ќе може сам да изрекува прекршочни казни, што нема да бидат процент од годишниот приход, туку ќе бидат фиксни. Тоа беше проблем што го имавме досега, а со оваа новина  верувам дека многу повеќе ќе се зголеми нивото на грижата на операторите кон корисниците затоа што АЕК е затрупан со приговори и досега се решаваа на повисоки инстанци. Сепак, за повисоките прекршоци, и натаму останува постапката за на суд и казна со процент од годишниот приход, рече Орданоски.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ