ПРЕНЏОВ ЌЕ ГО СЕДНЕ НА МАСА ДИМОВСКИ: Да ни објасни како може секој втор белосветски хохштаплер да има македонски пасош
Објавено во: Македонија 14 Ноември, 2022
Пратеникот Љупчо Пренџов, која е претседател на собраниската комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање, свикал седница со цел да се разгледа нивната улога при давањето позитивно мислење за контроверзниот Украинец Онишченко.
„Утрово свикав итна Седница на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање со единствена точка на дневен ред “Улогата на АНБ во безбедносната проверка на лицето Александр Онишченко при давањето на позитивно мислење за добивање македонско државјанство”
- Комисијата ќе се одржи во среда 16.11.2022 и на истата е повикан директорот Виктор Димовски.
Или со други зборови, директорот Димовски да ни објасни како е можно секој втор белосветски хохштаплер и криминалец да има македонски пасош и државјанство“, напиша Пренџов на фејсбук.
Пренџов е од партијата ГРОМ, но делува во сосема блиски релации со опозицијата во законодавниот дом.