16 Јануари, 2025
0.0269

Прераспределувања во Кривичен, кој каде заминува?

Сандра Крстиќ инаку беше одредена да го води предметот на новинарот Зоран Божиновски, обвинет во случајот „Шпион“, кое минатата недела повторно беше одложено.

Објавено во: Македонија 03 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Основниот суд Скопје информираше дека како дел од организациските промени на годишниот распоред на судиите во овој суд донесени се дополнителни одлуки за прераспоредувања на судии.

„Судијата Дијана Груевска Илиевска е определена за заменик на претседателот на Основен суд Скопје 1 – Скопје на местото на судијата Ивица Стефановски кој по негово лично барање  не е повеќе заменик претседател.

Судијата Гордана Спиреска е определена за претседател на Оддел – кривично полнолетни, од причини што досегашниот претседател на одделот, судијата Сандра Крстиќ по нејзино лично барање е прераспоредена во друг оддел.

Поради истите причини, судијата Сандра Крстиќ исто така е прераспоредена од Одделението за организиран криминал и корупција во Одделот кривично претходна постапка“, се вели во соопштението.

Крстиќ инаку беше одредена да го води предметот на новинарот Зоран Божиновски, обвинет во случајот „Шпион“, кое минатата недела повторно беше одложено. 

Судијката Ленка Давиткова пак, од одделот Кривично полнолетни, е префрлена да постапува како судија по предмети по кои досега постапувала судијката Крстиќ со цел да не дојде до одолжување на судските постапки и итното постапување по притворските предмети, пренесе Академик.

Од кривичниот суд додаваат дека во следниот период ќе бидат објавени и другите нови одлуки за прераспоредување во зависност од потребите, со цел, според нив, „да не би се довело во прашање постапувањето на судот“.


Можеби ќе ве интересира

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката