ПРЕСИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС: 8 степени по Рихтер го здрмаа Мексико
Објавено во: Свет 08 Септември, 2017
Земјотрес со јачина од 8 степени според Рихтеровата скала е почувствуван во Мексико до границата со Гватемала, објави американскиот Геофизички институт.
Објавено е предупредување за цунами. Земјотресот го погоди брегот 120 километри југозападно од градот Трес Пикос, Чиапас.
Епицентарот бил длабок 33 километри.
Од своја страна, Европскиот Медитерански Сеизмички Центар обезбедува повеќе информации за земојтресот.
Тој бил со магнитуда од 8,1 степени и на длабочина од 94 километри.
Епицентарот бил 202 километри јужно од Туста Гутеррес со население од 482.000 жители.
Се почуствавал и во главниот град на Мексико, каде што луѓето ги напуштија зградите, слушајќи ги звуците на катастрофата. Следните три часа можат да формираат големи бранови и можеби цунами долж бреговите на Мексико, Костарика, Никарагва, Гватемала, Салвадор, Панама, Хондурас и Еквадор.