Пресуда што го потресе Роналдо пред дуелот со Шпанија
Објавено во: Економија 15 Јуни, 2018
Фудбалерот на Реал Мадрид и на португалската репрезентација, Кристијано Роналдо, е осуден на условна казна затвор од две години и ќе плати казна од 18,8 милиони евра поради затајување на данок, беше одлучено од шпанските правосудни органи непосредно пред настапот на португалскиот ас во дерби-дуелот против Шпанија на Светското фудбалско првенство.
Шпанските даночни власти го обвинија фудбалерот за затајување данок во вкупна висина од 14,7 милиони евра. Роналдо нема да оди во затвор, доколку не го повтори делото во следните две години.
Роналдо пресудата ја дочека во пресрет на првиот меч на неговата репрезентација на Мундијалот во Русија.