ПРЕСВРТ ВО БРИСЕЛ: Уапсениот во Андерлехт не е осомничениот трет терорист!
Објавено во: Свет 23 Март, 2016
Белгискиот медиум кој објави дека е уапсен третиот осомничен терорист ја повлече информацијата карактеризирајќи ја како контрадикторна.
„Човекот што е уапсен не е Лахрауи како што објавивме“, пренесе белгискиот медиум кој ја објави информацијата.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/ladh/status/712599839121489921[/embed]Весникот ДХ сега тврди дека станува збор за случај на погрешна идентификација.
Полицијата сепак, не ги коментираше овие наводи, најавувајќи повеќе информации на прес конференција наскоро.
Имено, бараниот Нацим Лахрауи е роден на 18 мај 1991 година во Шарбек, општина во регионот на Брисел.
Полицијата од претходно трага за Лахрауи, бидејќи негова ДНК е најдена во куќите кои ги користеле лицата кои лани ги изведоа нападите во Париз, соопшти бриселското обвинителство.
Лахрауи во септември лани патувал во Унгарија со Салах Абдеслам, главниот осомничен за нападите во Париз.