20 Декември, 2025
0.0675

Пресврт во Турција: Партијата на Давутоглу води на изборите во Турција со повеќе од 10% над прогнозите

Објавено во: Балкан 01 Ноември, 2015 18:32

Добивај вести на Viber

Избирачките места во Турција веќе се затворени сега а се пребројуваат гласовите на избирачите за да бидат обработени. Според прелиминарните резултати Партијата на правдата и развојот (АКП) на досегашниот премиер Ахмет Давутоглу води.

Денешното гласање е второ во последните пет месеци откако во јуни земјата не можеше да избере парламент. На тогашните избори владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) го загуби мнозинството за прв пат од доаѓањето на власт пред речиси 13 години. Таа не можеше да состави и коалициска влада со било кој од другите три парламентарни политички сили - опозициската Републиканска народна партија (ЦХП), десничарската Партија на националистичко движење (МХП) и прокурдската Народна демократска партија (НДП), која за прв пат влезе во Парламентот на земјата во јуни.

Според анкетите исходот од гласањето нема да е значително различен од оној во јуни, што ја става земјата во ризик од понатамошна нестабилност.

Во моментов АКП има 53% од гласовите на избирачите, како 42% од гласачките места биле отворени, соопшти телевизијата „Си-Ен-Ен Турк“. Анкетите пред гласањето и даваа на партијата основана од претседателот Реџеп Ердоган, помеѓу 40 и 43 проценти - помалку од потребното за парламентарно мнозинство.

Полициски акции, апсења, борба помеѓу симпатизерите пред избирачките места, апели од „Исламска држава“ за бојкот на гласањето -ја одбележа дел од сликата на напнатите парламентарни избори.

Невообичаено тешката атмосфера на денот е карактеристична првенствено за провинциите крај границата со Сирија, каде мерките за безбедност и присуство на полиција и жандармерија се без преседан. Приврзаниците на прокурдската Демократска партија на народите „ДПН“ и на владејачката Партија на правдата и развојот „АКП“ дивееја во просторија со изборната секција, откако наиде на спор помеѓу комисијата и блиските на 80-годишна гласачка, побарале да и помогнат при обликувањето на гласачките ливчиња. Претставникот на „АКП“ во комисијата го видел ковертот со гласовите на старицата и тогаш избувнал скандалот, кој прераснал во тешка расправија. Биле повикани полициски екипи кој мораа да фрлат солзавец за да го решат конфликтот.

Во Чизре специјалците со оружје упаднале во училиште каде биле распоредени секции за гласовите, по сигнал за агитација во корист на партија од опозицијата. Уапсен бил маж, за кого беше соопштено дека вршел притисок над гласачите да гласаат за ДПН.

Гласачите во Дијарбекир, Сур, Мардин, Нусаибин, Сирнак, Идила, Чизре и Силопи ги надминувале рововите и барикади за да дојдат до избирачките места пред утврдениот полициски час. Училиштата каде што беа распоредени да гласаат, беа под опсадата на екипите за брза реакција. Обласната управа на Дијарбакир наредила ризичните населби да бидат оградени со ровови, за да се спречи пристапот на курдски терористи на ПКК, а во рок од 8 дена 3 пати беше активирана забраната за излегување на улиците.

Иако со секакви тешкотии и пречки пред гласачите во Прекуграничните области, тие не се откажуваат од своето право на глас и надминување пеш за растојанијата до деловите, кои оделе по ровови, куќишта и невидена полициска контрола. Опасноста од терористички напади е аргументот на властите за мерките за безбедност. Во раните попладневни часови беа уништени две рачно изработени бомби поставени во премините на патиштата од Дијарбекир за Бингол и за Мус.

Претходно во текот на денот весникот на Факултетот за комуникациски технологија во Анкарскиот универзитет ги објави повиците на активист од „Исламска држава“ за бојкот на изборите. Предметниот Абу Ханзала со кодирано име Халис Бачнчук беше уапсен и обвинет за ширење на летоци со пораката „Суверенитетот е на Алах“, „Не гласај“. Повиците биле залепени или испишани со шаблони и спреј на ѕидовите на зградите на најпрометната улица „Санаториум“ во главниот град Анкара.

Со финалето на изборниот ден се подигнува и ограничувањето за сириските бегалци во пограничната провинција Хатај, кои беа предупредени да не излегуваат надвор само ако имаат итна потреба. За два од шаторите со мигранти во областите на Текел и Џибо е воведен полициски час од 21 часот, кој ќе трае до утрото на 2 ноември.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација