Претепан новинар на МЕТА, заврши со потрес на мозок и скршен нос
Објавено во: Македонија 28 Април, 2017
Новинарот Димитар Тануров од новиската агенција МЕТА е еден од нападнатите новинари кој бил претепан од гневните демонстранти. Тој заврши со потрес на мозок и скршен нос, а по укажаната лекарска помош во болница е пуштен на домашно лекување.
- Нападнат додека фотографирав како тепаат. Ме нападнаа кога дознаа дека работам за Мета новинска агенција. Ме легнаа и со тупаници и клоци ме тепаа. Ми го земаа и телефонот, напиша Тануров на својот Фејсбук профил.