Претставничкиот орган на граѓаните и носител на законодавната власт без договор за пленарна седница
Објавено во: Македонија 19 Февруари, 2018
Двонеделен „одмор“ во Парламентот. Повеќето од пратениците на службен пат, а опозициските пратеници не учествуваат на пленарните седници и во работата на комисиите. Без овие работи Парламентот не може да ја врши својата работа продуктивно. Опозицијата сепак се среќава со спикерот Талат Џафери, но неформално.
На маса чекаат прашања за кои е потребен одреден кворум, но тој кворум никако да се добие затоа што Парламетот очигледно е во период на „хибернација.“
На редовната координација кај спикерот Талат Џафери, присутни само претставник на СДСМ и на ДУИ. Продолжение на седницата ќе има најверојатно до вторник.
На 22ри фебруари, во четврток, ќе се одржи редовната седница за пратенички прашања.
Закочена е работата во однос на некои реформски закони за судството и безбедноста.