Превисоки цени за комуналии: Вонредна инспекција го прочешла Чучер Сандево
Објавено во: Економија 09 Јануари, 2020
Вонреден инспекциски надзор имало во Општина Чучер Сандево.
Ова го потврдил директорот на Државниот инспекторат за локална самоупрва Сеад Садикоски за МИА истакнувајќи дека очекува општината најскоро време да ги намали цените на комуналиите за кои бизнисмените од индустриската зона Визбегово се пожалија дека се превисоки.
Јован Пејковски кој раководи со таа општина пак посочил дека е подготвен да се ревидираат цените кои изнесуваат 35 евра по метар квадратен за објектите во индустриската зона Визбегово-Стенковец во Општина Чучер Сандево.