Превозниците ќе го зголемат капацитетот на патници на 75 отсто
Објавено во: Економија 23 Февруари, 2021
Општинските и меѓуопштинските превозници ќе го зголемат капацитетот на патници од 50 на 75 отсто, соопштија од Владата по 47-та седница.
На седницата е прифатена и согласноста на Комисијата за заразни болести на барањето на група општински и меѓуопштински превозници за зголемување на дозволениот број патници од 50 на 75 отсто од вкупниот капацитет во превозните средства утврдени со закон за оваа намена. Претходно, капацитетот беше ограничен за да се спречи ширењето на коронавирусот.
foto freepik