Преземањата на Signal скокнаа за 4.200 oтсто откако WhatsApp објави дека ќе ги натера корисниците да споделуваат лични податоци со Фејсбук
Објавено во: Свет 12 Јануари, 2021
Ривалите на WhatsApp добија огромен поттик откако апликацијата за пораки објави дека ќе ги натера корисниците да споделат некои лични податоци со нејзината матична компанија Фејсбук.
WhatsApp им соопшти на корисниците дека ќе мораат да се согласат да им дозволат на Фејсбук и неговите подружници да собираат податоци на WhatsApp - вклучително и телефонски броеви и локации - пред 8 февруари или да го изгубат пристапот до апликацијата. WhatsApp оттогаш појасни дека ова влијае на корисниците само надвор од Европската унија и Велика Британија и рече дека промената „не влијае на приватноста на вашите пораки со пријателите или семејството на кој било начин“, објави Бизнис инсајдер.
Податоците на фирмата за анализирање апликации Sensor Tower покажуваат дека Signal, забележа огромен пораст на корисничките броеви по објавата на WhatsApp.
„Од 6 јануари до 10 јануари, Signal забележа приближно 7,5 милиони симнувања на глобално ниво од целата App Store и Google Play“, изјави претставник на Sensor Tower за Инсајдер.
фото REUTERS/Yuri Gripas