17 Мај, 2024
0.0275

Презентирана првата Новогодишна картичка на Клиниката за детски болести

Објавено во: Мои пари 19 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

На Клиниката за детски болести денес беше презентирана првата Новогодишна картичка .

Идејата за картичките ја иницираа Издаваштвото Култура и компанијата Секјуриком на кои им се приклучија Фондацијата Златна Рипка, Графотрејд и Копринт. Вредните рачиња на децата од Градинката Детска Радост цртаа на тема Новогодишни празници,  а заеднички го одбрале цртежот на малата Нела Трајкоска.

  • Така настана нашата прва новогодишна картичка. Проект започнат со убава чиста мисла, со хумана идеа, нацртан од деца, наменет за деца. Преку нив не само што ќе им испратите најубави желби на своите пријатели и професионални контакти, туку радоста на новогодишните празници ќе ја проширите и во просториите на нашата Клиника. Во празниците кои се пред нас се дарува љубов. Им благодарам уште еданаш на сите овие прекрасни луѓе кои ја иницираа идеата за првата Новогодишна картичка и кои овозможија таа да биде реализирана - изјави др Аспазија Софијанова, директор на Клиниката за детски болести.
klinika 2

Новогодишната честитка ќе се продава по цена од 100 денари. Може да се најде на сите продажни места на Култура, а ќе биде присутна и на новогодишните базари кои ги организраат нивните соработници и пријатели. Сите средства собрани од продажбата на оваа картичка ќе бидат искористени за купување на потребната опрема за Одделот за интензивна нега на Клиниката, каде секоја година се лекуваат повеќе од 500 деца.

  • Ние од Фондацијата Златна Рипка сме среќни што сме дел од оваа акција. Во период од една година колку што постоиме успеавме да направиме повеќе дечиња среќни. Исполнивме желби на неколку деца од одделот Онокологија и продолжуваме да работиме во тој правец. Преку Новогодишните честитки и средствата кои ќе се соберат се надевам ќе помогнеме уште повеќе- вели Деспина Козаровска од Златна Рипка.
klinika 1

Четиригодишната Нела на својот цртеж  нацрта многу елки и подароци за децата кои се лекуваат на клиниката. Вели дека сака Дедо Мраз да и донесе многу играчки, на неа и на сите деца.

Во рамките на промоцијата на картичката компанијата “ Секјуриком”  подели пакетчиња со книги и боенки до сите деца хоспитализирани на клиниката и донесе лектири за библиотеката на Онколошкиот оддел.

klinika 3

Искрено се надеваат дека оваа прва новогодишна картичка ќе ги пренесе желбите за здравје и среќа во Новата година на многу деца во земјава, а ќе им помогне да ги обноват апаратите на Одделот за интензвина нега и терапија и да ги подобрат стандардите за лекување на Клиниката за детски болести.

Можеби ќе ве интересира

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура