Пргомет: Ако мојот глас биде пресуден, фер е да се оди на нови избори!
Објавено во: Балкан 13 Ноември, 2015 13:04
Драго Пргомет, кој вчера е исфрлен од партијата „МОСТ“ бидејќи самостојно се состанал со премиерот Зоран Милановиќ, бил гостин на Н1 телевизијата и при таа прилика одговорил на неколку прашања. Смета дека во разговорот нема ништо лошо.
„Мене лично не ми сметаат разговори. Не ми смета ниту тој да разговара со Карамарко или Милановиќ. Никогаш нема да одбијам разговори. Имаме состојба во која две лице ги водат двете најголеми партии и со нив треба да се разговара. Јас со Петров разговарав за моите контакти. Јас немав ниту овластување да водам разговори ниту некој претставував освен самиот себе бидејќи ние сме независни кандидати. Мене вчера ме исфрлија од нешто на што не сум ни член. Петров знаеше дека сум во контакт со Милановиќ како и со луѓето од ХДЗ.
Уште не се слушнал со Божа Петров
„Ние се видовме утрово каде предложив сите да се најдеме. Ние веднаш добивме одбивање. Карамарко беше многу јасен дека не сака коалиција со СДП , како ни на СДП тоа не и одговараше. После тоа на порталите прочитав дека сум исфрлен на седниата на Националниот совет иако се сомневам дека Советот стигнал да се организира, му се јавив на Петров попладне но не успеавме да се слушнеме. Јас го повикав, очекувам дека ќе ми се јави“.
Колку луѓе во МОСТ ја делат вашата визија за промени на Хрватска?
„Проблем е што досега уште не се собрале сите 19 застапници. Ние уште немавме таков состанок. Постои таков Совет со луѓе кои повеќето не се застапници и кои досега не донесувале такви одлуки. Тие 19 лица треба да ги донесуваат тие одлуки, некои граѓаните ги избрале. Јас сум сигурен дека тие луѓе го сакаат само најдоброто на Хрватска. Ние сме во економски нестабилно опкружување, на хрватска територија се поставува жица од страна на Словенија, бројот на бегалци се намалува, ако сите бидат во власт тоа ќе биде борба, тоа е политички наивно“.
Целото интервју може да го прочитате тука.
Поврзани статии:
[button color="gray" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/11/12/prvi-sudiri-vo-most-drago-prgomet-isfrlen-od-partijata/" target="blank" ] Први судири во „Мост“, Драго Пргомет исфрлен од партијата[/button]
[button color="gray" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/11/10/most-hrvatite-ja-dobija-svojata-siriza/" target="blank" ]МОСТ: Хрватите ја добија својата Сириза?[/button]
Можеби ќе ве интересира
Софија издаде конкретна мерка против загадениот воздух - викенд зелена карта
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај




