19 Мај, 2024
0.0263

Пријавете се во натпреварот за „Интернет на нештата“ решенија и освојте рекламна кампања вредна 30.000 евра за вашиот бизнис.

Објавено во: Мои пари 28 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Ако првата револуција во светот на информатичката технологија беше изумот на сам IoT компјутер, втората револуција појавата на интернетот, тогаш „Интернет на нештата“ можеме слободно да ја наречеме третата голема ИТ револуција што во моментов почнува, а која допрва ќе се разгори во светот“- смета Мартин Михајлов, професор на Економски фалултет при УКИМ-Скопје.

„Интернет на нештата“ (Internet of Things, IoT) не е утописка идеја за иднината, туку фундаментален концепт кој веќе го менува животот, кој има сé поголема примена во здравството, транспортот, во компаниите кои се бават со автоматизирано производство на материјални добра и каде сè не.

Токму поради неговото значење, Дојче Телеком како компанија која континуирано поттикнува иновации во телекомуникациите со цел да им го подобри деловниот и приватниот живот на своите корисници, го иницираше и натпреварот Business Wall of Fame, за избор на најдобри  македонски решенија за „Интернет на нештата“(„IoT“). Конкурсот  започна на 20-ти април и ќе трае до 25 мај 2015. Гласањето на бизнис корисниците е од 11 мај до 22 јуни 2015. Победниците ќе се објават на 7 јули 2015 и ќе обезбедат учество на меѓународниот натпревар за иновации на Телеком којшто ќе се одржи во втората половина на 2015 година.

 Според Д-р Златко Муцунски, Генерален директор, Порше Македонија

„Паметните автомобили сè повеќе навлегуваат на глобалниот пазар како значаен дел од “Internet of Things”. Порше Македонија во соработка со Македонски Телеком работи на локализација и адаптација на овој глобален тренд на македонскиот пазар.“

Платформата интернет на нештата не е нешто далечно и за нас. Напротив, вакви решенија се имплементираат и во Македонија.

Пример се апликациите Fleet management и SmartWine креирани во партнерство со Т-Мобиле Македонија и Македонски Телеком. Првата  е апликација за следење на автомобилската „флота“ на компании кои се занимаваат со превоз или диструбуција, која Македонска пошта ја имплементираше во 2012 година. Во овој период од речиси 4 години, постигнати се директни заштеди од повеќе од 20% и зголемување на ефикасноста на доставување на пратките за повеќе од 30%. Свесни сме дека овој резултат немаше да го постигнеме без успешната имплементација на оваа технологија на Македонски Телеком, прилагодена за нашите потреби“- велат од Македонска пошта.

SmartWine пак е апликација за интелигентен мониторинг на лозови насади, базиран на cloud сензорска мрежа што се поставува на насадите. Овие мрежи овозможуваат 24 часовен мониторинг и информации за состојбата и во случај на опасности, системот го алармира корисникот да ги преземе потребните мерки, со што го намалува ризикот на минимум.

 „Ние сме компанија која верува дека континуирани инвестиции во технологијата со цел унапредување на нашиот процес на производство на вино ќе нè направи единствени и конкурентни. Затоа, IP технологијата и М2М, односно, поврзани машини се дел од нашата стратегија за континуирана контрола и навремена реакција за постигнување на висок квалитет на производите, што претставува и наш најголем императив. Во оваа насока, Македонски Телеком ни е примарен партнер од доменот на дигиталните технологии и поврзани луѓе и машини“,Смета Цветанка Ицева Менаџер за ИТ, Винарска визба „Тиквеш“

IoT ќе има значително влијание врз бизнисот, а до 2020 се очекува над 26 милијарди уреди да бидат поврзани преку интернет! Затоа во иднина, компаниите колку побрзо ги имплементираат и користат Интернет на нештата (Internet of Things,- IoT), ќе можат да ја зајакнат својата конкурентност, продуктивност и ефикасност.

Тоа ќе значи целосно поинакво секојдневие, нов начин на користење на домашните уреди, мобилните и јавните сервиси, споделување на информации, нов начин на организирање на слободното време, како и ново користење на медицината.

https://www.wallofbusiness.com/mk/macedonia?wt_mc=da_z_mk109

IoT_6

За натпреварот

Натпреварот е наменет за сите компании кои до сега немале можност, а сакале да ги промовираат своите „IoT“ решенија и да ги направат достапни за широката јавност. Најдобрите „IoT“ решенија ќе влезат во финалето според бројот на добиени гласови од гласачи и поддржувачи на нивните решенија, по што стручно жири ќе ги избере победниците од националниот и од меѓународниот натпревар. Учесниците можат да го зголемат бројот на гласовите и шансите за победа со активирање на заедницата да гласа за нив.

Исто така, и гласањето може да се исплати. Сите компании и нивните вработени кои ќе се вклучат во натпреварот за да гласаат доколку се регистрираат и како поддржувачи на „IoT“ решенијата кои се нивен фаворит имаат можност да си обезбедат маркетинг кампања во вредност од 20.000 евра заедно со победничкото „IoT“ решение.

Категории и награди од натпреварот „Business Wall of Fame“:

  • Национален победник: Најдобро „IoT“ бизнис решение

Рекламна камања вредна 30.000 евра, организирана заедно со Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија како партнер

  •  Национален победник: Најдобар поддржувач на национално „IoT“ решение

Рекламна камања вредна 20.000 евра, организирана заедно со Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија како партнер

  • Специјална награда: Најдобро интернационално „IoT“ бизнис решение

Партнерството со Дојче Телеком во осум земји и можност за поврзување со потенцијалните 10,8 милиони бизнис корисници, како и меѓународна промоција во вредност од 10.000 евра

Распоред на настаните:

  • Аплицирање за учество на компаниите: 20 април - 25 мај 2015
  • Гласање на бизнис корисниците: 11 мај - 22 јуни 2015
  • Објава на победници: 7 јули 2015

Регистрирајте се на: https://www.wallofbusiness.com/mk/macedonia?wt_mc=da_z_mk109

Повеќе информации околу натпреварот, учеството, гласањето и условите на: https://www.wallofbusiness.com/mk/macedonia?wt_mc=da_z_mk109

Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата