27 Април, 2024
0.0263

Прилеп има вакцина за „короната“: Кој ја произведува?

Објавено во: Економија 12 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

И покрај бројните ограничувања врз угостителскиот сектор од кој директни последици трпат и производителите на пива и сокови „Прилепска пиварница“ покажа дека е омилен избор на Македонците. За првите 90 дена годинава пиварницата продала свои производи на домашниот пазар вредни 4,37 милиони евра, само 9 отсто помалку од лани, а завршила со нето добивка од 91.000 евра. Резултат за почит во „корона услови“ и во традиционално тешкиот – зимски квартал

„Прилепска пиварница“ првиот квартал го заврши со добивка од 91.000 евра. Одличен резултат со оглед на тоа дека имаше „дупли“ ограничувања. Прво, затоа што зимата традиционално не е период да пиво и газирани безалкохолни пијалоци и вториот и полошиот фактор е „корона кризата“ и нејзините бројни ограничувања. Затворени кафулиња и ресторани, забрани за свадби и свечености, ограничувања за движења и собирања....

Но и покрај тоа македонскиот бренд производител на пива и газирани сокови има успешен прв квартал. Продажбата дома изнесува 4,37 милиони евра и во споредба со истиот период лани кога немаше „корона ограничувања“ сега е намалена само за 9 отсто. Ова упатува на заклучок дека доколку состојбата беше нормална и потрошувачката реална и без ограничувања сега ќе имавме значајно зголемување на приходите од продажба на домашен пазар на брендовите: „Златен даб“, „Крали Марко“, „Туборг“, славната „Газоза“, „Пепси“, „Миринда“, „Портоколада“ и другите освежителни пијалоци од палетата на „Прилепска пиварница“.

Вкупната продажба за првите 90 дена годинава изнесува 4,4 милиони евра и во споредба со лани е пониска за само 8 отсто. Залихите на крај на март годинава вредат 1,27 милиони евра и во споредба со крајот на минатата година се поголеми за 300.000 евра.

Оперативните расходи на друштвото за трите месеци изнесуваат 4,7 милиони евра. Најголемо учество имаат трошоците за набавка на суровини и други материјали кои изнесуваат 1,9 милиони евра. Во однос на истиот период лани се пониски за 12 отсто. Трошоците за вработените се 600.000 евра и во споредба си истиот период лани се пониски за 9 отсто.

Оперативната добивка на пиварницата изнесува 45.000 евра и е неспоредливо подобар резултат од лани кога друштвото заврши со загуба од 200.000 евра.

Благодарејќи на финансиските приходи кои изнесувале над 45.000 евра компанијата за првиот квартал книжи добивка од 91.000 евра, а тоа е неспоредливо подобар резултат од лани кога завршиле со загуба од 150.000 евра. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра