23 Ноември, 2024
0.0496

Прилепчани, со среќа! Кој е новиот газда на Мермерен комбинат?

Објавено во: Економија 16 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

Фирма што управува со инвестициски фондови или во име и за сметка на свои инвеститори купува компании во Југоисточна Европа ќе биде нов газда на прилепскиот Мермерен комбинат. Тоа е друштвото ЕЦМ Партнерс кое договорило превземање на грчката компанија Pavlidis S.A Marble – Granite која досега беше сопственик на прилепскиот Мермерен комбинат. Кој е новиот сопственик за чија сметка овие професнионални за превземање ја договориле купопродажбата може ќе дознаеме, но можеби и нема...

Една од најуспешните прилепски компании добива нов сопственик! Информацијата е официјална и е објавена на веб страната на Македонската берза, а станува збор за Мермерниот комбинат од Прилеп.

Ове е една од најуспешните компании која експлоатира мермер и во најголема мерка во пласира на странски пазари. Оваа прилепска компанија е еден голем нето извозник, а со тоа и обезбедувач на девизниот курс на нашата национална валута – денарот.

Акционерите на грчката компанија за преработка на мермер „Павлидис“ (Pavlidis S.A Marble – Graniteодлучиле да прифатат понуда за стратешко превземање и да ја продадат нивната компанија на интернационалното друштво за управување со фондови ЕЦМ Партнерс (ECM Partners).

Всушност грчката компанија „Павлидис“ е целосен сопственик на фирмата Stone Works Holding Coöperatief UA со седиште во Холандија која пак поседува 89 отсто од сите акции со право на глас во прилепската компанија.

Сега со превземањето на „Павлидис“ друштвото што управува со инвестициски фондови ЕМЦ Партнерс го превзема и раководењето во прилепската компанија.

Во оваа прилика е особено важно да се каже дека не мора да значи дека ЕМЦ Партнерс е новиот сопственик на прилепската компанија за обработка на мермер. Многу е веројатно дека станува збор за инвеститори во чие име и за чија сметка ЕМЦ Партнерс преговарал со акционерите на „Павлидис“ и договорил превземање на компанија со сите нејзини активи вклучувајќи ги тука и холандската компанија, а преку која го превзема и прилепскиот комбинат.

ЕМЦ Партнерс преку својата веб страница се претставува како водечка инвестициска компанија која управува или само посредува во вложувања кои значат превземање на бизниси во Југоисточна Европа. ЕМЦ Партнерс е основава во Словенија во 2015 година, а има свои канцеларии односно деловни операции во Кипар, Хрватска и од 2021 во Грција.

Според податоците достапни на нивната веб страница нивните деловни операции вредат 510 милиони евра (иако не е наведено дали тоа се однесува на 2022 или 2023 година).

Всушност се работи за активно учество во преговарање и посредување во инвестирање во различни бизниси за сметка и во име на нивни клиенти.

Прилепски Мермерен комбинат е одлична инвестиција затоа што е убедливо најпрофитабилна од рударските компании во земјава. Од приходите лани речиси половина останале како добивка. Во апсолутен износ 14,8 милиони евра.

За првите шест месеци во 2022 година неговата добивка е 6,4 милиони евра што е 44,7 отсто од целиот оперативен приход на ова друштво.

Р. Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација