14 Декември, 2025
0.4015

ПРИЛЕПСКА „ВИТАМИНКА“ ЌЕ ДЕЛИ ДОБРА ДИВИДЕНДА, НА „МАСА“ СЕ НАД 430 ИЛЈАДИ ЕВРА - има шестмина поголеми акционери, ќе ги земат овие суми

Објавено во: Економија 30 Мај, 2025 08:05

Добивај вести на Viber

Акционерите на прилепска „Витаминка“ одлучија колкава дивиденда ќе се подели за минатата година. Ако нето добивката на компанијата изнесувала 1,07 милиони евра, на акционерското собрание била донесена одлука таа да се подели отприлика по половина, односно малку поголемиот дел да се реинвестира, а извесен дел да им се подели како дивиденда на акционерите.

Или, да видиме каква одлука конкртетно била донесена на вчерашното собрание.

Имено, од 1,07 милиони евра како нето добивка, како реинвестирана добивка ќе одат 591 илјади евра, додека, пак, за дивиденда ќе бидат поделени 480 илјади евра.

„Може да се констатира дека друштвото оствари позитивни финансиски резултати, иако станува збор за кризни години на работење. Претходните три години, друштвото распределуваше средства за резерви за инвестиционо вложување поради зголемениот обем на инвестиции и модернизирање на техничко-технолошките процеси“, се вели во образложението од седницата на акционерите на прилепската прехранбена компанија, и се додава дека „во деловната 2024 година друштвото оствари позитивен финансиски резултат којшто е поповолен во однос на претходната деловна година, па од таа причина беше одлучено да се одобри исплата на дивиденда за таа година“.

Дивидендата за 2024 година изнесува 360 денари нето по акција или 400 денари бруто по акција што во процентуален износ од номиналната вредност на акцијата е 12,30 отсто, соопштуваат од компанијата.

Последен ден на тргување со право на дивиденда е 6 јуни годинава, а прв ден на тргување без право на дивиденда е 9 јуни. Исплатата на дивидендата ќе се изврши до законскиот рок, односно 30 септември оваа година.

На содружниците, односно акционерите може во текот на деловната година да им се исплати аванс на име дивиденда, соопштуваат од компанијата.

Ако се има предвид дека нето износот на дивидендата е 432 илјади евра, да видиме колкава дивиденда поединечно ќе земат акционерите во таа компанија.

Најголем акционер со 29,48 отсто од акциите е Симон Наумоски, така што согласно процентот на акции, тој би добил дивиденда на сума од нешто повеќе од 127 илјади евра. Симон Наумоски е претседател на Одборот на директори на Витаминка. Тој долги години ја водел компанијата и има значаен придонес во нејзиниот развој.

Сашо Наумоски, син на Симон и долгогодишен директор на Витаминка, има 7,03 отсто од акциите, што значи дека за ланската година ќе земе дивиденда од нешто повеќе од 30 илјади евра. Сашо Наумоски е генерален извршен директор на компанијата. Тој ја извршува оваа функција од 2010 година и е активен член на Одборот на директори.

Потоа следуваат акционерите Кирил Божиноски, кој располага со 6,04 отсто, Стеван Игнатовски со 5,98 проценти, потоа Марика Наумоска има 5,21 отсто од акциите и Наташа Стојковска располага со 5,12 проценти. Сите тие ќе добијат нето дивиденди во износ согласно со нивниот акционерски пакет во компанијата.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји