Примал поткуп ама колегите го откриле - полициски службеник лишен од слобода
Објавено во: Македонија 29 Октомври, 2020
Полициски службеник вчера бил приведен во Куманово под сомнение за примање поткуп.
„Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за економски криминал и корупција вчера околу 18 часот во Куманово го лишија од слобода полицискиот службеник И.С. поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело-примање поткуп по член 357, примање награда за противзаконито влијание по член 359, и злоупотреба на службената положба и овластување по член 353, од КЗ“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Нема повеќе детали за тоа каков поткуп и од кого барал полицискиот службеник.