09 Октомври, 2024
0.0353

Принцот Хари и Меган Маркл уплашени пред својата венчавка

Објавено во: Стил 05 Март, 2018

Добивај вести на Viber

19 мај е големиот ден за принцот Хари и неговата свршеница Меган Маркл. Поради нивната венчавка многу информации излегоа во јавноста.

Така се дознало дека младенците ќе имаат големи мерки на обезбедување на самата свеченост, бидејќи се плашат за својата сигурност. Главната причина за таа одлука е антракс отров, кој минатиот месец веќе беше примен во дворот. Иако се уште не е откриено кој го направил тоа, било доволно да Меган и Хари, но и останатото семејство се загрижат и превземат мерки за заштита.

Во кочијата во која ќе бидат, но и остатокот од денот, цело време ќе бидат под надозор на вооружено обезбедување. Решиле веќе сега да ангажираат полиција, која ќе ги следи на венчавката.

Државната секретарка Амбер Руд објави дека поради венчавката, кафулињата ширум Англија и Велс ќе работат до еден часот по полноќ, како граѓаните би можеле да прослават како што треба. Инаку пабовите работат до 23 часот.