10 Мај, 2024
0.0345

ПРИНУДЕН ОТКУП НА АКЦИИ – еве под кои услови може да се истиснат малите акционери

Објавено во: Финансии 16 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Откупувачот е должен да ја понуди највисоката вредност при принуден откуп на акции во едно друштво. Притоа, откупот ќе се направи по највисоката цена по која откупувачот во последните 12 месеци стекнувал акции или пак просечната цена постигната на берза исто така во последните 12 месеци пред одлуката за принуден откуп. Ова се дел од условите за принуден откуп на акции, кои се ставени во измените на Законот за трговски друштва, доставени во Собранието. Овој закон согласно најавите на надлежните треба да обезбеди законски пат за истискување на акционери.

Имено, со „принудното купување и продавање акции“ се покрива област значајна и за малцинските акционери и за доминантниот акционер кој поседува над 95 отсто од акциите со право на глас. Со законот се воспоставува прецизна процедура за „истискување“, или поточно правото на принуден откуп, но и правото на продажба на акциите, со фер цена на акциите и гарантиран рамноправен третман на акционерите.

Во Законот е посочено дека на предлог на акционер, кој се стекнал со 95 отсто од вкупниот број акции со право на глас издадени од акционерското друштво, кој ќе биде откупувач на акциите, собранието на акционери одлучува за принуден откуп на сите акции со право на глас од преостанатите акционери и акции или конвертибилни обврзници.

Акционерското друштво е должно да ја утврди цената на акциите што се предмет на откуп со одлука за принуден откуп. Откупувачот е должен да ја понуди највисоката цена. Највисоката цена по која тој во последните 12 месеци пред денот на закажување собрание на акционери на кое треба да се донесе одлуката за принуден откуп, стекнувал акции. Просечна цена постигната на берза во последните 12 месеци пред денот на закажување собрание на акционери на кое треба да се донесе одлуката за принуден откуп. Проценетата вредност од овластен проценител и книговодствената вредност според последниот усвоен биланс на состојба – стои во законското решение.

Акционерското друштво е должно да ја достави одлуката за принуден откуп до Централниот депозитар на хартии од вредност во рок од три работни дена од денот на носењето и за истото да го извести откупувачот, во спротивно одлуката за принуден откуп не важи. Откупувачот е должен да депонира средства за плаќање на цената на акциите на посебна сметка на Централниот депозитар за хартии од вредност отворена за таа намена во рок од три работни дена од денот на доставувањето на одлуката за принуден откуп од страна на акционерското друштво.

-  Одлуката за принуден откуп се спроведува во рок не подолг од една година од денот на нејзиното донесување – се потенцира во законот.

Со принудниот откуп на акции доаѓа до промена на сопственост и истата ја спроведува Централниот депозитар на хартии од вредност со преноси во согласност со закон и правилата за работа.

- Централниот депозитар на хартии од вредност се обврзува да ги изврши сите уписи на преносот на хартиите од вредност во акционерската книга на акционерското друштво, како и да ги изврши и сите исплати на акционерите кои треба да се извршат во постапката на принуден откуп на акции. Централниот депозитар наплатува надоместок за извршените услуги кои се на товар на откупувачот – се прецизира во законот.

П. О.

Фото: Freepik

Можеби ќе ве интересира

Повеќе од три милиони клиенти, двојно поголем биланс и една милијарда евра добивка до 2030 година

Повеќе од три милиони клиенти, двојно поголем биланс и една милијарда евра добивка до 2030 година

ТВРДОГЛАВИОТ ДОЛАР ИМ ЈА „КРАДЕ“ ЗАРАБОТКАТА НА АМЕРИКАНСКИТЕ КОМПАНИИ: еве зошто останува „омилена“ валута

ТВРДОГЛАВИОТ ДОЛАР ИМ ЈА „КРАДЕ“ ЗАРАБОТКАТА НА АМЕРИКАНСКИТЕ КОМПАНИИ: еве зошто останува „омилена“ валута

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!

ЌЕ РАСТАТ ПЛАТИТЕ НА ХРВАТСКИТЕ МИНИСТРИ - еве колкави се и во другите земји

ЌЕ РАСТАТ ПЛАТИТЕ НА ХРВАТСКИТЕ МИНИСТРИ - еве колкави се и во другите земји

СЕ ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ ГИ КОРИСТАТ КАРТИЧКИТЕ И ЗА СТАВАЊЕ ПАРИ НА СМЕТКА – расте учеството на пластиката во секојдневните активности на граѓаните

СЕ ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ ГИ КОРИСТАТ КАРТИЧКИТЕ И ЗА СТАВАЊЕ ПАРИ НА СМЕТКА – расте учеството на пластиката во секојдневните активности на граѓаните

ЗА ЕДНА ГОДИНА СЕ ДУПЛИРАЛ БРОЈОТ НА МИЛИЈАРДЕРИ ВО СВЕТОТ НА КРИПТОВАЛУТИТЕ: Најбогатите одат во затвор

ЗА ЕДНА ГОДИНА СЕ ДУПЛИРАЛ БРОЈОТ НА МИЛИЈАРДЕРИ ВО СВЕТОТ НА КРИПТОВАЛУТИТЕ: Најбогатите одат во затвор

КАКО ПРОПАДНА БОИНГ! Градеа репутација со децении, а потоа им дојде овој авион! Кошмарот продолжува, загуби во милијарди

КАКО ПРОПАДНА БОИНГ! Градеа репутација со децении, а потоа им дојде овој авион! Кошмарот продолжува, загуби во милијарди