27 Април, 2024
0.0264

Пристигна новиот Ford Focus во Македонија

Објавено во: Мои пари 05 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Новиот Ford Focus пристигна во салонот на Ми-Да Гранд Моторс. Откако пред неколку месеци ја имаше светската премиера, новиот адут на Ford во Ц-сегментот на возила, Ford Focus сега e достапен и за македонските купувачи. Компанијата Ми-Да Гранд Моторс, овластениот увозник за Ford возилата во Македонија, го донесе првиот примерок од моделот на Ford Focus и истиот од денес е изложен во продажниот салон во Скопје.


Новиот Ford Focus е семеен автомобил со средна големина кој нуди најмногу простор досега.

„Салонот на Ми-Да Гранд Моторс е отворен да се погледне автомобилот и да се покажат најдобрите перформансите на возилото на иднината. Станува збор за ново ниво на интелигентен дизајн, карактеристичен модерен стил и повеќе простор.Новиот модел е дизајниран да создаде и елегантна и спортска слика, но и форма преку која се подобрува аеродинамиката“, велат од Ми-Да Гранд Моторс.

Новата технологија што е вградена помага и им олеснува на возачите при возењето и застанувањето во сообраќајот, да можат да гледаат појасно во мракот, да паркираат со помош на копче и да избегнуваат несреќи. Возилото поседува адаптивен темпомат со stop-and-go функција, систем кој го држи растојанието во однос на возилото пред нас. Тука е и подобрениот систем за осветлување со автоматско прилагодување пред возилото да влезе во кривина, да се доближи до раскрсница или кружен тек. Наместо само да се потпира на движењето на воланот од страна на возачот, Lane-Centring системот користи и предна камера за следење на лентата во која автомобилот се наоѓа, со прегледност до 65 метри пред него. Speed Sign Recognition системот пак внимава на брзината со која што се движи автомобилот и знаците за дозволена максимална брзина.

Во новиот Ford Focus е вградена технологија која го подобрува искуството на возачот. Автомобилот е опрeмен со напредни карактеристики, како Форд Ко-Пилот 360.

Ми-Да Гранд Моторс Ве очекува во својот салон.

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг