Притвор од осум дена за возачот кој усмрти пешак и избега
Објавено во: Македонија 09 Декември, 2020
Според последното соопштение на Обвинителството, пронајден е возачот кој во неделата го усмрти пешакот И.А.(43) од Дебреше на регионалниот пат Тетово 0 Јажинце и избегал од местото на несреќата без да пружи помош.
Возачот управувал Форд ескорд со тетовски регистарски таблички, а осомничен е за загрозување на безбедноста во сообраќајот и за неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.
Осомничениот кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето. Од Тетово кон село Пршовце возел со брзина неприспособена кон состојбата и условите на патот. Возејќи со поголема брзина низ населено место и по воден коловоз, не успеал навреме да запре, па со предниот десен дел од автомобилот удрил во пешакот кој поминувал преку патот. По несреќата осомничениот не застанал за да му укаже помош на повредениот, туку веднаш избегал од местото. Оштетениот од здобиените тешки телесни повреди починал на местото на несреќата.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, поради опасност тој да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од осум дена.