07 Мај, 2024
0.0319

Притвор за четворица измамници со јаболка од Ресен

Објавено во: Македонија 10 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Четворица измамници од Ресен испорачале фактури до руска, унгарска и босанска фирма и присвоиле вкупна сума од 55.000 евра за јаболки кои никогаш не ги испорачале по што Јавното обвинителство од Битола отвори постапка кон истите и заработија притвор од 30 дена за секој од нив.

Од јануари до февруари годинава прокурист, управител и двајца надворешни соработници на претпријатието „Џим Бим 2019“ Дооел Ресен ги довеле во заблуда и оштетиле три правни лица од Русија, Унгарија и БИХ.

Контактирале преку Фејснук профилот „TopFruit Fruit“ а најмногу ја оштетиле фирмата „Пимента“ Москва со измама дека можат да и продадат 2 контејнери јаболка во количина од 44 тони од сортата „ајдаред“ по цена од 370 американски долари за тон, 1 контејнер јаболка во количина од 22 тони од сортата „гренисмит“ по цена од 400 американски долари за тон и 7 контејнери јаболка од сортата „црвен делишес“ во количина од 154 тони по цена од 480 американски долари за тон во кои цени бил вклучен превоз до Солун, Р. Грција, и дека правното лице треба да уплати половина од вкупната вредност односно 49.170,00 долари на сметка на правното лице.

На оштетениот дури и му биле покажани јаболката во село Бистрица и во Ресен и на 19 февруари му доставиле профактура по што им биле исплатени 2.674.848,00 денари. На сличен начин го измамиле ”Fruit Country KFT” од Унгаријаза 7.095 евра и „Нерко Промет“ ДОО Хан Плоча, Општина Кисељак, БИХ за износ од 3.570,00 евра.

Обвинетите по пристигнување на парите од оштетените правни лица  ги префрлале на своите трансакциски сметки и  подигнале износ од 100.000 денари како материјални трошоци  иако за таквите трансакции немало никаков правен основ. Со тоа ја испразниле сметката на правното лице, а на оштетените правни лица не ги испорачале јаболката, ниту ги вратиле парите.



Можеби ќе ве интересира

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција