09 Мај, 2024
1.0416

Приватна детска градинка од Чаир ги учела дечињата со исламски ритуали

Објавено во: Македонија 23 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Слики од децата како се молат во една од приватна детска градинка предизвика серија на остри критики особено кај албанската јавност каде многумина велат дека мора да постои слобода на религијата и изразувањето но, и внимателност со учење на верска доктрина.

Децата биле учени на молитви, поклоненија, ритуали за Аџилак и рецитираат стихови од Куранот. Ова го утврдила инспекцијата на Министерството за труд и социјлна политика, откако на терен ја затекнале ваквата згрижувачка состојба во градинката „Пчелка“.

Во просториите била затекната група од 20-ина деца и две наставнички кои признале дека таму се одржува верска настава. Според документацијата, објектите во кои се одржува спорната настава, се во сопственост на хуманитарното здружение „Мустафа Паша“, чиј сопственик е турски државјанин. При тоа, наставничките затекнати на лице место, посчиле дека постојат повеќе такви објекти, но незнаеле каде се наоѓаат. 

„Во интерес на безбедноста на децата кои спротивно на закон се згрижуваат во т.н. хуманитарна организација и Министерството за труд и социјална политика за затекнатата состојба ќе ја информира и полицијата и Министерството за образование и наука со барање да се испитаат во рамки на нивните ингеренции да се испитаат оправданоста, карактерот, целите и намерите на хуманитарната организација“ – се наведува во соопштението од Министерсвото за труд и социјална политика.

Од МВР велат дека се уште го немаат добиено барањето за полициска асистенција, но додаваат дека стојат на располагање во рамки на нивните ингеренции да го испитаат случајот.

Според Уставот на земјава, Македонија е секуларна држава, а верската настава не е дозволенa во предучилишни паралелки и во основните училишта. Дполнително, преку ваквото згрижување, според дел од правниците, се прекршени низа закони, а  на децата им се одзема правото на слобода на уверување.

„Тоа се деца, многу е дискутабилно родителите тоа да им го наметнуваат, тоа единствено може да си го остварат во домашни услови. За ова се има изјаснето и Европскиот суд за човекови права, каде што јасно се кажува дека не смее да се оди на линија на ограничување на верувањето на детето. Ако веќе се спроведува некоја настава за религиите, таа треба да биде на принципите на академско учење, на објективност и неутралност“ - вели правникот Мирослав Драганов.

Градинката „Пчелка“, со адреса во населбата Гази Баба не е регистрирана на листата јавни градинки, а ја нема ниту на списокот на приватни центри за згрижување. За верските активности, кои ги изучуваат малолетните деца во период кога треба да се на училиште, се дозна од социјалните мрежи. Овие фотографии беа објавени на фејсбук страницата на градинката, но по низата бурни реакции, беа експресно отстранети. Реагираше и поглаварот на исламската верска заедница во земјава, кој најави дека институционално ќе се спротивстави на настава која е спротивна на законите и Уставот и го осуди постоењето на градинката „Пчелка“.

Изавор: Телевизија 24

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КОЛКУ ПРАТЕНИЧКИ МЕСТА ОСВОИЈА ПАРТИИТЕ - ДИК СО ПРВИЧНИ РЕЗУЛТАТИ: Први се ВМРО-ДПМНЕ, ВТОРИ СДСМ, А ТРЕТИ ДУИ

ЕВЕ КОЛКУ ПРАТЕНИЧКИ МЕСТА ОСВОИЈА ПАРТИИТЕ - ДИК СО ПРВИЧНИ РЕЗУЛТАТИ: Први се ВМРО-ДПМНЕ, ВТОРИ СДСМ, А ТРЕТИ ДУИ

АХМЕТИ РЕЧЕ ДЕКА СЕ ВТОРА СИЛА ВО ДРЖАВАТА, НА ЗЕМЈАТА Ѝ ТРЕБА СТАБИЛНОСТ - дали не размислува за заминување во опозиција?

АХМЕТИ РЕЧЕ ДЕКА СЕ ВТОРА СИЛА ВО ДРЖАВАТА, НА ЗЕМЈАТА Ѝ ТРЕБА СТАБИЛНОСТ - дали не размислува за заминување во опозиција?

„ЏАБЕ НИ СЕ ЛИЖЕТЕ, СИ ЗНАЕТЕ ЗА СТРЕЛАЊЕТО“ - Апасиев со шега на фејсбук после пресот

„ЏАБЕ НИ СЕ ЛИЖЕТЕ, СИ ЗНАЕТЕ ЗА СТРЕЛАЊЕТО“ - Апасиев со шега на фејсбук после пресот

„МАКЕДОНИЈА СВРТЕ ДЕСНО, И ТОА ОДЛУЧНО ДЕСНО, ПОСЕБНО ЗАСЛУЖЕН Е И ГРУБИ“ - Жанета Трајковска со став

„МАКЕДОНИЈА СВРТЕ ДЕСНО, И ТОА ОДЛУЧНО ДЕСНО, ПОСЕБНО ЗАСЛУЖЕН Е И ГРУБИ“ - Жанета Трајковска со став

Никола Димитров: Честито победа, но џабе ако продолжи партизацијата

Никола Димитров: Честито победа, но џабе ако продолжи партизацијата

БИТИЌИ ДАДЕ ОСТАВКА ОД ПОТПРЕТСЕДАТЕЛСКОТО МЕСТО НА СДСМ: Оставката не претставува политички чин на загубата на социјалдемократската идеја

БИТИЌИ ДАДЕ ОСТАВКА ОД ПОТПРЕТСЕДАТЕЛСКОТО МЕСТО НА СДСМ: Оставката не претставува политички чин на загубата на социјалдемократската идеја

АПАСИЕВ ИМ НАЈАВИ ПЕКОЛ ВО СОБРАНИЕТО: Секој наш пратеник вреди колку 10 нивни, имаме шест, се бориме за седмиот

АПАСИЕВ ИМ НАЈАВИ ПЕКОЛ ВО СОБРАНИЕТО: Секој наш пратеник вреди колку 10 нивни, имаме шест, се бориме за седмиот

ГРУБИ: „АЛИ АХМЕТИ НЕСКРШЛИВИОТ, ЗА ПРВ ПАТ СМЕ ВТОРА СИЛА ВО ДРЖАВАТА“

ГРУБИ: „АЛИ АХМЕТИ НЕСКРШЛИВИОТ, ЗА ПРВ ПАТ СМЕ ВТОРА СИЛА ВО ДРЖАВАТА“

Мицкоски: Народот си ја спаси државата, ДУИ оди со СДСМ во опозиција

Мицкоски: Народот си ја спаси државата, ДУИ оди со СДСМ во опозиција