Добивај вести на Viber
Цена од 6.780 денари за квадрат (околу 110 евра) достигна втората парцела за изградба на хотел во барок стил, во близина на Спортскиот центар „Кале“. Парцелата со површина од 2.350 метри квадратни ја купи скопската фирма „Вардар експрес“ на електронското наддавање денеска.
Од Министерството за транспорт и врски соопштуват дека „Вардар експрес“ е должна во рок од 15 дена да ги уплати средствата.
Цената е сто пати повисока од почетната - 61 денар за метар квадратен и повеќе од двојно повисока од постигнатата на лицитација пред два дена за парцела во близина на која хотел во барок-стил ќе гради струмички „Инвест груп“. Струмичката компанија за првата парцела, која е со поголема површина, плати 45 евра за квадрат.
Струмички „Инвест груп“ ќе гради луксузен хотел под Кале!
Меѓу двата хотели ќе се продава уште една парцела, на која е предвидена изградба на деловен објект.