07 Мај, 2024
0.0277

Продолжува обновата на еврозоната

Објавено во: Економија, Свет 22 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Економските услови во рамките на еврозоната продолжуваат да се подобруваат.

Според Прогнозата за Еврозоната на EУ од декември 2015 година, очекувањата се капиталните инвестиции да го поддржат стабилното обновување на Еврозоната во среден рок. Прогнозата очекува раст на бруто домашниот производ (БДП) од 1,5% во 2015 година, пред зголемувањето до 1,8% во 2016 и 2017 година.

Прогнозата за Еврозоната очекува општите постојани инвестиции да се зголемат за 2,4% во 2016 година - најбрз пораст од 2007 година наваму - достигнувајќи до 3,1% во 2017 година. Во 2018 и 2019 година, очекување е општите постојани инвестиции да бележат раст од околу 2,5% на годишна основа. Иако овој раст е со побавно темпо во однос на растот, одбележан во деценијата до 2007 година, голем дел од акумулацијата на капитал, што се случи во овој период, е во станбен имот, што значи дека бавното темпо на раст на инвестициите не значи задолжително побавен потенцијален раст.

Според Том Роџерс, Висок економски консултант на Прогноза за Еврозоната на EУ : „Неодамнешните мерки преземени од ЕЦБ, за проширување на опсегот на купувања на обврзници и намалување на каматните стапки на депозитите нудат дополнителна уверувања дека наскоро ќе се достигне до пониски трошоци на заемите. Ова би требало да ја зголеми дополнително побарувачката на кредити во 2016 година и да помогне обновата на капиталните инвестиции“.

Работните приходи ќе станат клучен двигател за трошоците на домаќинствата

Потпомогната од ефектот на пониските цени на нафтата, потрошувачката е главната движечка сила на растот кај обновата на Еврозоната до моментов. Гледајќи напред, иако Прогнозата за Еврозоната очекува побалансирано обновување, при што трошоците за инвестиции и потрошувачка ќе имаат во голема мера сличен придонес за растот, трошоците на домаќинствата ќе го задржат своето критично ниво. Зголемувањето на работните приход ќе биде клучниот двигател за трошоците на домаќинствата, управувано главно од зголемувањето на платите. Очекувањата се потрошувачките трошоци да се зголемат за 1,7% во 2015 година и за 1,6% во 2016 година, а во среднорочна перспектива очекувањето е за годишен раст од околу 1,4%.

Како што вели Роџерс: "Создавањето на повеќе работни места и унапредување на оние кои се неактивни, да бараат работа, ќе биде клучен одлучувачки фактор за просперитет во следните години. Инвестициите ќе помогнат во овој поглед, но сепак останува потребата владите да сторат нешто повеќе за да го решат проблемот со трошоците за вработување во некои основни економии. "

Стабилниот раст на извозот го движи заживувањето на економијата

Зголемување на надворешната побарувачка и дава поттик на економијата. За 2015 година како целина нашите очекувања се за раст на извозот од 4,7%, или зголемување од 0,8% во однос на претходната година. Ова зголемување е движено главно од зголемените европски пребарувања - вредноста на извозот за ЕУ, каде што растот постепено се подобрува, се зголеми за 12% на годишна основа во периодот јануари-јуни, а подоцна во третиот квартал забележа пад од 5% во однос на вториот квартал, како резултат од воведувањето на мерките за контрола на капитал во Грција. Во 2016 извозниот раст може да го забави темпото, бидејќи главните трговски партнери на Бугарија, а особено Србија и Турција, се погодени од зголемувањето на каматните стапки во САД и зголемената политичка неизвесност.

Зголемена домашна побарувачка во второто полугодие на 2015 година

Домашната побарувачка забележува раст од 1,7% во 2015 година, како резултат на влијанието на растот на приватната потрошувачка, ниските каматни стапки и зголемените инвестиции. Очекувањата се потрошувачките трошоци да се зголемат за 3,1% во втората половина на 2015 година, поттикнати од повисоките плати, ниската инфлација и намлувањата на нивоа на невработеност.

Во октомври стапката на невработеност се намали на 9,7%, благодарение на зголемувањето на вработеноста со 1% на годишна основа. Покрај тоа, растот на реалните плати се забрза, достигнувајќи 8% за годината во третиот квартал. И на крај, пониските цени на нафтата доведоа до намалување на стапката на инфлација, која се очекува да биде во износ од 0,1% во 2015 година, што од своја страна ги зголемува реалните приходи.

Зголемување на инвестициите

Високото ниво на апсорпција на фондовите на ЕУ, 85% во јули, ќе ги стимулира инвестициите во втората половина на 2015 година. Додека трансферите од ЕУ ќе го достигнат својот врв во 2015 година, поттик за инвестициите и градежната индустрија ќе продолжи и во 2016 година. Нешто повеќе, сите седум оперативни програми на ЕУ се одобрени за наредниот период (опфаќајќи ги годините од 2014 до 2020). Комбинирани со подобрување на државна фискална позиција, овие средства ќе ги стимулираат инфраструктурните проекти, ќе ги отстранат пречките и ќе покажат дополнителна поддршка за економскиот раст.

Николај Грнев, кој управување со партнерите на ЕУ за Бугарија, Македонија, Албанија и Косово, коментира: "Со преминот кон 2016 година економското заздравување на еврозоната изгледа се повеќе одржливо, што го дава своето позитивно влијание и врз бугарската економија. Фирмите стануваат посигурни во реконструкцијата и се има предвид подобра профитабилност. Не треба да заборавиме дека, сепак, растот во еврозоната ќе остане јасен медиокритет во среднорочна и дури во долгорочна перспектива. За да ја задржат својата конкурентност, фирмите треба да продолжат да работат на ефикасно управување на буџетите и да ја задржат инертноста на проактивното пребарување на бизнис можности која беа развиени во текот на годините на кризата. "

Обработка од ЕУ: И.Р

Можеби ќе ве интересира

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

Интервју со Бранко Азески - Како да се излезе од маѓепсаниот круг на низок економски раст?

Интервју со Бранко Азески - Како да се излезе од маѓепсаниот круг на низок економски раст?