16 Јануари, 2025
0.0303

Продолжува субвенционирањето на нискобуџетски авиокомпании за влез во Македонија

Објавено во: Македонија 12 Октомври, 2014

Добивај вести на Viber

На почетокот на следната година ќе биде распишан нов меѓународен јавен повик за доделување државни субвенции за влез на нискотарифни авиопревозници во Македонија, најавува министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески во интервју за МИА. Тој е задоволен од ефектите што досега ги има ваквата стимулација. „Во првите 9 месеци од  годинава споредбено со истиот период лани имаме раст од 21 процент. Нашата цел да се овозможат нови дестинации за македонските граѓани и директни летови од Скопје по конкурентни цени се остварува и токму затоа овој проект ќе има свое продолжение“, вели Јанакиески. Министерството за транспорт и врски ја изработило проектната програма за изработка на Студија со која треба да се испитува можноста за формирање, односно воспоставување на национален авиопревозник. Наскоро треба да започне постапка за јавна набавка за избор на консултант за изработка на Студијата, која јасно ќе покаже дали можноста е исплатлива и остварлива и каде ќе се дефинираат условите за формирање, односно воспоставување национален авиопревозник во Република Македонија. „Дали ќе има национален авиопревозник или не, зависи од тоа дали евентуалните понуди кои ќе ги добиеме од компаниите по објавениот јавен повик ќе бидат прифатливи за Владата“, појаснува Јанакиески.  

Можеби ќе ве интересира

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката