20 Декември, 2024
0.0278

ПРОДОР ВО АКЦИОНЕРСКАТА СТРУКТУРА: Кој го мерка „Скопски пазар“?

Објавено во: Економија 27 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Прилепска компанија за дваесетина дена купи 7,3 отсто од акциите на „Скопски пазар“ и стана трет по големина поединечен акционер во таа компанија. Зошто некој сега се ангажира и купува акции во фирма што важи за семејна империја? Дали уште некој се подготвува за влез во акционерската структура на компанијата која поседува големи градежни парцели на атрактивни скопски локации? Прилепската компанија  „Современ дом“ од почетокот на ноември досега, во официјалната евиденција на Централниот депозитар за хартии од вредност стана сопственик на 7,3 отсто од акциите со право на глас во „Скопски пазар“ еден од најголемите трговски малопродажни ланци во земјава. Со тоа прилепската компанија, која порано беше синоним за тапацирање мебел, а сега се занимава со закуп на деловен простор стана трет по големина акционер во „Скопски пазар“ и излезе во евиденцијата на јавно именувани сопственици на акции кои ги води ЦДХВ во својот регистер. Мнозински сопственик на прилепската фирма е Андон Дудулоски кој поседува 72,7 отсто од акциите, а неговиот роднина и веројатно син Ацо Дудулоски е генерален директор со сите овластувања. Најголеми акционери остануваат во „Скопски пазар“ и понатаму Сашо Давитковски актуелен менаџер на компанијата со посед врз 11,9 отсто од акциите и неговата мајка Тодорка Давитковска со посед врз 11,4 отсто од акциите со право на глас. И мајката и синот Давитковски нивните акции ги наследија од Трајко Давитковски, поранешен и долгогодишен генерален директор и по приватизацијата и најголем поединечен акционер на „Скопски пазар“. Иако се насетуваше дека некој купува акции во „Скопски пазар“ затоа што пред повеќе од една година таа акција порасна од ниво од 3.500 денари до ниво над 8.000 денари, па на моменти и ја надмина таа цена. Во периодот од една година видовме неколку интересни и зачудувачки предлог одлуки при што една скопска фирма преку инструментот приватна понуда на акции за познат купувач беше подготвена да плати над 28.000 денари за акција. Тоа беше најблаго речено зачудувачки за поголем дел од инвеститорската заедница во земјава. Летото за прв пат јавноста го виде името на „Современ дом“ во контекст на „Скопски пазар“. Имено таа компанија побара од судот и доби позитивна одлука за забрана за „Скопски пазар“ да откупува акции во сопствен откуп. Три месеци и неколку дена по тоа прилепската компанија стана сопственик на 7,3 отсто од акциите во „Скопски пазар“. По ваков развој на настаните и со оглед на фактот дека „Скопски пазар“ во сопствен откуп чува 11,7 отсто од акциите кои сега не носат право на глас, може да се очекува дека во таа компанија во најмала рака може да има обид за промена на силите во акционерската структура. Од каде е интересот за „Скопски пазар“ Скопската компанија во својата позиција на пазарот на големи малопродажни маркети е атрактивна. Иако во моментот билансите не нудат многу простор за оптимизам макар на краток период, особено од аспект на пад на приходите и ниво на задолженост на компанијата. Но не смее да се заборави главниот адут на „Скопски пазар“ што сега е делумно скриен од очите на инвеститорската јавност. А тоа е поседот врз земјиштето на кое се наоѓаат големите пазари во скопските населби Буњаковец, Тафталиџе, локацијата Бит пазар како и другите пазари. Што ако компанијата одлучи и во корелација со надлежните органи на естаблишментот успее да добие маркици и градежни дозволи за градба на објекти на тие атрактивни локации? А тоа може да се случи особено сега кога веќе нема многу локации во централното градско подрачје за градба. Тоа значајно може да ја промени перспективата на компанијата и нејзината пазарна позиција, но и капиталната вредност. А веќе неофицијално се зборува дека е можна градба на нов трговски и деловен центар на локацијата на сегашниот пазар Буњаковец на атрактивната локација на булеварот „Партизански одреди“ и можеби најважниот пазар – Бит пазар. Останува да видиме како ќе се развиваат настаните и што би можело да се смени во акционерската структура. Сега „Скопски пазар“ има 14 домашни фирми акционери кои имаат 24,3 отсто од кои „Современ дом“ поседува 7,3 отсто. „Скопски пазар“ во соптвен откуп има 11,7 отсто од акциите. Од физичките акционери најголеми се мајката и синот Давитковски и заедно поседуваат 23,3 отсто од акциите. Останатите 225 домашни физички лица поседуваат над 52 отсто од акциите со право на глас. А веројатно нивните акции ќе одлучат кој би бил новиот бран во „Скопски пазар“ доколку тоа се случи во догледно идно време. Р.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Поранешниот министер Спиро Ристовски раководи бизнис со меѓународен транспорт

Поранешниот министер Спиро Ристовски раководи бизнис со меѓународен транспорт

ЦЕНИТЕ НА АКЦИИТЕ РАСТАТ! МБИ-10 со нов рекорд по пауза од 12 години

ЦЕНИТЕ НА АКЦИИТЕ РАСТАТ! МБИ-10 со нов рекорд по пауза од 12 години

СЕ ЗАТВАРА ГОРДОСТА НА ЈУГОСЛАВИЈА: Познатиот рудник заминува во историјата – по 140 години останаа само долгови

СЕ ЗАТВАРА ГОРДОСТА НА ЈУГОСЛАВИЈА: Познатиот рудник заминува во историјата – по 140 години останаа само долгови

ПОДЕМОТ И ПАДОТ НА ТЕХНОЛОШКИОТ ГИГАНТ: Некогаш омилен кај луѓето - еве како Нокиа го освои светот и го загуби

ПОДЕМОТ И ПАДОТ НА ТЕХНОЛОШКИОТ ГИГАНТ: Некогаш омилен кај луѓето - еве како Нокиа го освои светот и го загуби

ОСТАНУВААТ УШТЕ ДВЕ НЕДЕЛИ: Украина ќе дозволи транзит на гас преку нејзината територија, но да не е руски

ОСТАНУВААТ УШТЕ ДВЕ НЕДЕЛИ: Украина ќе дозволи транзит на гас преку нејзината територија, но да не е руски

ПРЕКУ ЗАЕДНИЧКА СОРАБОТКА НА ЈАВНИОТ И ПРИВАТНИОТ СЕКТОР ДО ПОГОЛЕМ ИЗВОЗ И РАСТ НА ЕКОНОМИЈАТА

ПРЕКУ ЗАЕДНИЧКА СОРАБОТКА НА ЈАВНИОТ И ПРИВАТНИОТ СЕКТОР ДО ПОГОЛЕМ ИЗВОЗ И РАСТ НА ЕКОНОМИЈАТА

ЕСМ СЕ ЗАДОЛЖУВА КАЈ ГЕРМАНСКАТА КФВ: парите ќе ги користи за фотоволтаичнатацентрала Битола и ветерниот парк Богданци

ЕСМ СЕ ЗАДОЛЖУВА КАЈ ГЕРМАНСКАТА КФВ: парите ќе ги користи за фотоволтаичнатацентрала Битола и ветерниот парк Богданци

ЕДНА ПРИКАЗНА, ЕДЕН ВЕК – ГАЗОЗА НАЈМНОГУ СЕ ИЗВЕЗУВА ВО АВСТРИЈА: Првиот човек на Прилепска пиварница, Сашко Самарџиоски во „Бизнис муабети“ на Фактор

ЕДНА ПРИКАЗНА, ЕДЕН ВЕК – ГАЗОЗА НАЈМНОГУ СЕ ИЗВЕЗУВА ВО АВСТРИЈА: Првиот човек на Прилепска пиварница, Сашко Самарџиоски во „Бизнис муабети“ на Фактор

ЕР СРБИЈА РАСТУРИ: Летово за српските туристи чартер лет до Кавала

ЕР СРБИЈА РАСТУРИ: Летово за српските туристи чартер лет до Кавала