„ВАЖЕН ЧЕКОР КОН СТАБИЛИЗИРАЊЕ НА ГЛОБАЛНАТА ЕКОНОМИЈА“: Фон дер Лајен по одлуката на Трамп

Објавено во: Економија 10 Април, 2025 11:31
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен утрово ја поздрави одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп „да го паузира“ воведувањето на некои реципрочни царини за увозот од стоки од десетици земји за период од 90 дена, оценувајќи ја како „важен чекор кон стабилизирање на глобалната економија“.
- Ја поздравувам најавата на претседателот Трамп за паузирање на реципрочните царини. Тоа е важен чекор кон стабилизирање на глобалната економија. Јасни, предвидливи услови се од суштинско значење за функционирањето на трговијата и синџирите на снабдување - напиша Фон дер Лајен на социјалните мрежи.
I welcome President Trump’s announcement to pause reciprocal tariffs. It’s an important step towards stabilizing the global economy.
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) April 10, 2025
Clear, predictable conditions are essential for trade and supply chains to function.
Tariffs are taxes that only hurt businesses and consumers.…
Таа го повтори ставот на ЕУ, кој и досега го има кажано, дека царините се даноци, кои само им нанесуваат штети на бизнисите и на потрошувачите.
- Затоа постојано се залагав за договор за „нула за нула“ царини меѓу Европската Унија и САД. Европската Унија останува посветена на конструктивни преговори со САД, со цел да се постигне трговија без тензии и во заемна корист , потенцира претседателката на ЕК.
Фон дер Лајен додаде и дека Европа продолжува да се фокусира на диверзификација на своите трговски партнерства, ангажирајќи се со земји кои сочинуваат 87 отсто од глобалната трговија и ја споделуваат европската посветеност за слободна и отворена размена на стоки, услуги и идеи.
- Конечно, ја засилуваме нашата работа за укинување на бариерите на нашиот единствен пазар. Оваа криза јасно покажа едно: во време на неизвесност, единствениот пазар е нашето сидро на стабилност и издржливост. Јас и мојот тим ќе продолжиме да работиме дење и ноќе за да ги заштитиме европските потрошувачи, работници и бизниси. Заедно, Европејците ќе излезат посилни од оваа криза - истакна Фон дер Лајен во објавата.
Ваквиот развој на настаните следи откако земјите членки на ЕУ вчера донесоа одлука за воведување царини во висина од 10 до 25 проценти за увозот во Унијата на низа производи од САД, вклучувајќи и тутун, мотоцикли, живина, челик и алуминиум, како одговор на американските царини за увоз на челик и алуминиум од Унијата во висина од 25 отсто.
Иако претходно, се закануваше дека САД ќе ги прекинат трговските врски со ЕУ, доколку Брисел возврати на американските царини, Трамп сепак, вчера ненадејно реши „да го паузира“ воведувањето на некои од царините за период од 90 дена.
- Одобрив пауза од 90 дена и значително ги намалив реципрочните царини од 10 отсто во тој период, информира Трамп, додавајќи дека оваа одлука не важи за Кина за чиј увоз најави и дополнителни царини.
Можеби ќе ве интересира
ДЕЛ ОД ТРГОВЦИТЕ СО ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ БАРАААТ ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ - изработката на веб страниците за објавување на цените им е финансиски, технички и кадровски проблем

Инвеститор го купи земјиштето на ски центарот Кожуф за 2,5 милиони евра

СОСТАНОЦИ СО ЕНЕРГЕТСКИ И ГРАДЕЖНИ МАГНАТИ ВО ДУБАИ - како Македонија да се најде на нивната мапа за инвестиции

СЕ ШИРИ ПАНИКА: Дали ЕУ сака да ги укине Visa, Mastercard и PayPal?

ЛЕГЕНДАТА НА ГЕРМАНСКАТА АВТОИНДУСТРИЈА ОДИ ВО БАНКРОТ: Ги затвараат сите филијали по 92 години работа

ЦРНИ ПРОГНОЗИ ОД ШВАЈЦАРИЈА: Светската трговија на колена поради царините на Трамп

ЗОШТО Е ДОБРО ДА СИ ДИРЕКТОР ВО МОЌНА ШПЕДИТЕРСКА КОМПАНИЈА - ова е сумата на платите, наградите и осигурувањето исплатена на членовите на Бордот на „Фершпед“

АКО ГИ КОРИСТЕТЕ УСЛУГИТЕ НА DHL ТРЕБА ДА ГО ЗНАЕТЕ ОВА: Воведуваат нови правила за пакетите, едно мора да биде прецизно
