Проект од 10.000 евра за „демонтажа“ на панорамското тркало на Вардар
Објавено во: Економија 08 Октомври, 2018
ЈСП Скопје, под чија надлежност беше изградбата на панорамското тркало на Вардар како дел од проектот Скопје 2014, објави оглас за изработка на проект за „демонтажа“ на истото.
Станува збор за набавка на услуга за изработка на проектна документација за измена и дополна на основен проект за панорамско тркало со придружни објекти и мостови во централно градско подрачје на Скопје-Мал Ринг. и истиот ќе чини 10.000 евра.
Со ревизијата се предвидува остранување на панорамското тркало и придружните
елементи од основниот проект.