17 Мај, 2024
0.0436

ПРОФЕСОР НАЈЧЕВСКА ЗА 29 НОЕМВРИ: Да не заборавиме, на денешен ден се создаваше не само СФРЈ, туку и македонската држава

Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

Да не заборавиме, на денешен ден не се создаваше само СФРЈ туку и македонската држава.

Со овој статус на фејсбук професорката Мирјана Најчевска се потсетува на денот на создавањето на поранешна Југославија, федерација од шест републики и две покраини.

Како што се сеќаваат постарите генерации, 29 ноември беше ден на екс Југославија, и се прославуваше со највисоки почести. 

Најчевска, како што пишува, жали што се дозволи да се распадне држава која беше една од најнапредните во 20 век. 

„Да не заборавиме, на денешен ден не се создаваше само СФРЈ туку и македонската држава. Штета што се распадна една од најнапредните држави кои постоеја во 20.век. Изгледа не и беше времето. Или местото?“, пишува професорката Најчевска.

Таа се потсетува и на еден свој статус од пред две години.

Да успеавме да ја зачуваме СФРЈ денес ќе го прославувавме денот на нејзиното создавање. Не успеавме да ја зачуваме. За мене беше и останува прекрасна творба, сон на генерации просветители и борци, резултат на работата на илјадници луѓе кои верувале дека на овие простори може да се живее убаво и заедно.

СФРЈ беше уникатна творба, во пракса спроведена преубава имагинација, и, подотворен прозор кон тоа како би можела да функционира иднината. Прекрасна, испуштена шанса за еден поинаков развој и живот за сите луѓе на овие простори.

Сигурно дека имаше мани, и проблеми, и недоследности и грешки. И секако онаа најголемата грешка - потценување на моќта на етно-национализмот.

Јас не сум Југоносталгичар. Не мислам дека може ниту пак дека треба да се врати СФРЈ. Меѓутоа мислам дека треба да ги имаме предвид сите непроцениви искуства на градењето и развојот на СФРЈ, единствените идеи за управувањето и градењето на општетсвените односи, и, посебно, неортодоксниот систем од вредности кои можат да бидат употребени во решавањето на проблемите со кои се соочуваме денес. Не ја зачувавме државата, ајде да пробаме да не го заборавиме искуството“, напиша тогаш професорката по овој повод.

Можеби ќе ве интересира

НЕЕКСПЛОДИРАНА ГРАНАТА ОДНЕСЕНА ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА: надлежните апелираат во вакви ситуации граѓаните да пријават, не да ги поместуваат

НЕЕКСПЛОДИРАНА ГРАНАТА ОДНЕСЕНА ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА: надлежните апелираат во вакви ситуации граѓаните да пријават, не да ги поместуваат

Познато зошто куќарките повторно се вратени на скопскиот плоштад

Познато зошто куќарките повторно се вратени на скопскиот плоштад

Гарапетритис: Експресно одговоривме на говорот на Силјановска Давкова

Гарапетритис: Експресно одговоривме на говорот на Силјановска Давкова

„НА ВАКВИ ПЛАТИ НЕМА ОСНОВ ДА СЕ ИСПЛАЌААТ ПАТНИ ТРОШОЦИ“: Крмов од Левица со остри критики и најава дека се откажуваат од нив

„НА ВАКВИ ПЛАТИ НЕМА ОСНОВ ДА СЕ ИСПЛАЌААТ ПАТНИ ТРОШОЦИ“: Крмов од Левица со остри критики и најава дека се откажуваат од нив

„ОРКЕСТРИРАН НАПАД ВРЗ СКОПЈЕ ИАКО ПРВИ ПРСКАМЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ“: Градоначалничката со фото докази за другите општини

„ОРКЕСТРИРАН НАПАД ВРЗ СКОПЈЕ ИАКО ПРВИ ПРСКАМЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ“: Градоначалничката со фото докази за другите општини

ИЛИЈА ДИМОВСКИ БЕЗ ВЛАКНА НА ЈАЗИКОТ ЗА ДУИ И АХМЕТИ: Требаше да размислува кога водеше процеси кои го исклучија македонскиот народ, преговараа сами за македонски прашања

ИЛИЈА ДИМОВСКИ БЕЗ ВЛАКНА НА ЈАЗИКОТ ЗА ДУИ И АХМЕТИ: Требаше да размислува кога водеше процеси кои го исклучија македонскиот народ, преговараа сами за македонски прашања

„СЕ ДОДЕКА ГРЦИЈА НЕ ГИ ПОТПИШЕ ПРОТОКОЛИТЕ НИЕ НЕМА ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ ОДРЕДБИТЕ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА УПОТРЕБАТА НА ИМЕТО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Најчевска со предлог

„СЕ ДОДЕКА ГРЦИЈА НЕ ГИ ПОТПИШЕ ПРОТОКОЛИТЕ НИЕ НЕМА ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ ОДРЕДБИТЕ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА УПОТРЕБАТА НА ИМЕТО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Најчевска со предлог

„И ПОТОА СДСМ И ПРЕДАВНИКОТ ЗАЕВ СЕ ЧУДАТ КАКО ДОБИВАМЕ АЗИЛ ВО УНГАРИЈА, ШВЕДСКА, УНГАРИЈА“: Груевски распали по изјавата на Игор Југ

„И ПОТОА СДСМ И ПРЕДАВНИКОТ ЗАЕВ СЕ ЧУДАТ КАКО ДОБИВАМЕ АЗИЛ ВО УНГАРИЈА, ШВЕДСКА, УНГАРИЈА“: Груевски распали по изјавата на Игор Југ

МЕГА ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЛИДЛ МАКЕДОНИЈА: Се бараат работници за над 20 позиции, еве во кои сектори

МЕГА ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЛИДЛ МАКЕДОНИЈА: Се бараат работници за над 20 позиции, еве во кои сектори