02 Јуни, 2024
0.0257

Прогласени се најдобрите македонски филмски автор, актер и работник

Објавено во: Мои пари 22 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Првото издание на “Златна рамка” започна со обелоденувањето на овогодинешните добитници напочесни награди кои ги доделува Друштвото на филмски работници на Македонија. Филмските професионалци кои годинава ги добија почесните награди се: Жаклина Крстевска за најдобар филмски автор, Петар Мирчевски за најдобар филмски актер, Петар Богоевски за најдобар филмски работник, додека постхумна почесна Златна рамка доби Томе Молдовски – Мољац.


Овие награди секоја година ќе се доделуваат за да се одаде почит на филмските професионалци кои имаат многу значајни и многи вредни остварувања зад себе

Она за што сум се борел и ќе се борам е филмот да остане надвор од политиката. Во ДФРМ гледаме партнер со кој заедно ќе создаваме критериуми за филмот да оди напред. Ќе работиме на квалитет а не на квантитет. Оваа ревија е начин да се направи отчет на сработеното, да не ни се случи како во минатото да се даваат средства за филмови кој никој никогаш не ги видел. И натаму се бориме да ги вратиме накалемените долгови, а во моментов наследивме 90 незавршени филмови. Сепак, во сите овие проблеми во кој била втурната Агенцијата за филм, успеваме да создаваме силни критериуми за македонскиот филм да добие видливост и успех во светски рамки како што тоа ни се случи во изминативе месеци, рече Горјан Тозија, директор на Агенција за филм на Македонија во своето обраќање на Свеченото Собрание на ДФРМ.


Игор Иванов, претседател на ДФРМ кој го водеше Собранието го соопшти и предлогот за прием на почесен член во ова друштво, Благоја Куновски Доре кој е неуморен многугодишен поддржувач на македонскиот филм. Куновски беше едногласно избран од членовите на ДФРМ.

Работниот дел на Собранието продолжува зад затворени врати со претходно утврдена агенда.


Трите филмски денови на ревијата, почнувајќи од денес се поделени во три дела: документарна програма од 17:00 часот, краткометражни филмови кои започнуваат во 19:00, додека пак долгометражните во 21:00 часот. Сите проекции се во кино “Фросина” и се бесплатни.

Во делот на работната програма на „Златна рамка“ во сабота со почеток во 11:30 е предвидено да се одржи презентација на МЕДИА деск Македонија со цел да можат филмаџиите да се запознаат со начините и можностите за аплицирање во овие фондови, а во недела исто со почеток во 11:30, Тркалезна маса на тема: Нема кинематографија без филмска критикапредводена од страна на уметничкиот координатор на„Златна рамка“, новинар и истражувач на македонскиот филм – Ана Василевска .


Влези во Наш филм!

Можеби ќе ве интересира

Семеен ден на Макстил со децата поддржани од СОС Детско село

Семеен ден на Макстил со децата поддржани од СОС Детско село

Бимилк Денот на млекото го одбележа со продолжување на стратешкото партнерство со СОС Детско село

Бимилк Денот на млекото го одбележа со продолжување на стратешкото партнерство со СОС Детско село

Новите MINI автомобили се уште постилски, дигитални и харизматично едноставни

Новите MINI автомобили се уште постилски, дигитални и харизматично едноставни

Ananas слави една година во Македонија со голема роденденска кампања

Ananas слави една година во Македонија со голема роденденска кампања

ВАЖНО ЗА СИТЕ СЕГАШНИ И ПОРАНЕШНИ СТУДЕНТИ НА ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ-СКОПЈЕ: Поврзете се преку Алумни асоцијацијата, таа нуди бројни придобивки

ВАЖНО ЗА СИТЕ СЕГАШНИ И ПОРАНЕШНИ СТУДЕНТИ НА ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ-СКОПЈЕ: Поврзете се преку Алумни асоцијацијата, таа нуди бројни придобивки

Проектот „Порта Европа“ ќе продолжи да живее преку книгите и читателите

Проектот „Порта Европа“ ќе продолжи да живее преку книгите и читателите

Вистинска инспирација за новата генерација на втората конференција „Чувари на мудроста“

Вистинска инспирација за новата генерација на втората конференција „Чувари на мудроста“

Следете го UEFA EUROTM 2024 на светскиот број еден Hisense телевизор од 100 инчи

Следете го UEFA EUROTM 2024 на светскиот број еден Hisense телевизор од 100 инчи

“Code Your Future” – Практикантската програма на AITONIX е отворена!

“Code Your Future” – Практикантската програма на AITONIX е отворена!