ПРОГНОЗА: Снег ќе провејува и денес
Објавено во: Македонија 02 Февруари, 2022
Метеоролозите и за денес најавија прилично снежен ден. Облачното време ќе продолжи во поголем дел од државата а на места ќе провејува и снег. Се очекува и засилен ветер од северен правец. Што се однесува до температурата, таа ќе достигне максимум од 1 до 7 степени. Студено со сончеви периоди ќе биде и во Скопје а максималната температура во главниот град ќе се искачи до 4 степени.