30 Април, 2024
0.0854

Промени во раководството на Македонски Телеком

Објавено во: Мои пари 15 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

-Жарко Луковски , Извршниот член на Одборот на директори во функција на Главниот оперативен директор на Македонски Телеком ќе ја продолжи својата кариера надвор од компанијата поради завршување на неговиот менаџерски договор заклучно со 30 јуни 2017 

-Назим Буши, досегашниот Заменик Претседател на Одборот на директори на Македонски Телеком ќе ја извршува функцијата на Извршен член на Одборот на директори во функција на Главен оперативен директор на Македонски Телеком  во временски период до 3 месеци, почнувајќи од 1 јули 2017 година

Жарко Луковски, Извршниот член на Одборот на директори во функција на Главен  оперативен директор на Македонски Телеком  ќе ја продолжи својата кариера надвор од компанијата  поради завршување на неговиот менаџерски договор  на 30 јуни 2017 година.

Луковски беше на највисоки раководни позиции во компанијата од 2006 година. Во 2010 година назначен е за Главен извршен директор на Т-Mobile Македонија, а во 2015 за Главен оперативен директор на Македонски Телеком. 

Под негово раководство беа реализирани проекти кои целосно ја сменија телекомуникациската индустрија во Македонија, особено во областа на развојот на мобилната технологија, како што е воведувањето на 3G и 4G мрежата за прв пат на пазарот.  Работеше на развој на ИКТ бизнисот како што е проектот „паметен град“ и се залагаше за иновативни решенија како што е мобилното плаќање и воведуваше  иновации во начинот на работа на компанијата. 

Одигра важна улога во спојувањето на Македонски Телеком и Т-Mobile Македонија, со што директно допринесе компанијата да ја задржи  лидерската позиција на пазарот.  

Одборот на директори на Македонски Телеком го назначи Назим Буши досегашниот Заменик Претседател на Одборот на директори на Македонски Телеком да ја извршува функцијата на Извршен член на Одборот на директори во функција на Главен оперативен директор на Македонски Телеком  за период до три месеци, почнувајќи од 1 јули 2017 година. 

Можеби ќе ве интересира

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк