ПРОМЕНИ ВО УПРАВНИОТ ОДБОР НА СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА: Еве кои се новините
Објавено во: Финансии 10 Ноември, 2023 11:51
Претседателот на Управниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола, Владимир Ефтимоски, после долги години успешно раководење со банката, поднесува оставка од функцијата член и Претседател на Управниот одбор.
На негово место за Претседател на Управиот одбор е назначена Александара Радевска.
- Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следниве измени во органите на управување:
Стопанска банка а.д. Битола известува дека на ден 8.11.2023 година, г-дин Владимир Ефтимоски поднесе оставка од функцијата член и Претседател на Управниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола.
Воедно, на седницата на Надзорен одбор на Стопанска банка а.д. Битола одржана на ден 9.11.2023 година, за Претседател на Управниот одбор е назначена г-ѓа Александра Радевска - се наведува во одлуката објавена на веб страната на Македонска берза.
Фактор неодамна објави дека се разгледува можноста за присоединување на Стопанска банка Битола, која неодамна прослави 75 години постоење на македонскиот банкарски пазар, со една од нашите најголеми банки, поточно со Комерцијална банка.
Иако се уште не е пристапено кон овој чекор, сепак, и двете банки открија дека се размислува за таков чекор. Доколку дојде до нивно спојување, ќе настане навистина голема банка, чија актива сериозно ќе се доближи до три милијарди евра.
П.О.
Можеби ќе ве интересира
Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра
Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома
„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска
„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго
РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете
ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно
ГАРАЖА ВО АЕРОДРОМ ПРОДАДЕНА ЗА 30 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ЗА КВАДРАТ ЗА СТАН ВО ЦЕНТАР ПЛАТЕНИ БЛИЗУ 3.000 ЕВРА: Еве каде и за што се давале најмногу пари




