Промоција на партизанскиот роман на Моџо Килингтон – „СФ – СН“

Објавено во: Мои пари 08 Април, 2025 13:35
Четвртиот роман на Моџо Килингтон – „СФ-СН“ ќе биде промовиран утре (9 април, среда), во 19 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, во рамките на второто издание на фестивалот за литература и општа култура „Видик“. Промотор на книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде уредничката Оливера Ќорвезироска.
„СФ – СН“ најдобро се опишува самиот себеси со духовитиот, но и мошне прецизен поднаслов: партизански роман. Поднасловот функционира и како жанровска одредница, но и како алузија на едно важно време. Тој е и логично и природно надополнување на насловот, всушност на кратенката на познатото југословенско партизанско мото „Смрт на фашизмот – слобода на народот“ кое се користело и како поздрав меѓу членовите на движењето на отпорот.
„СФ – СН“ е необичен роман, навраќање на едно подалечно време, но и на еден навидум анахрон, дури соцреалистички начин на пишување. Поигрувајќи си со ваквата фактура, авторот го реактуализира херојското време од еден личен, љубовен ракурс, со мошне жив и впечатлив еротски пристап. На крајот има и цела песнарка на необјавени песни на еден лик – загинат, непознат поет-партизан... што е досетлива мистификација којашто романот го приближува и кон постмодернизмот.
Моџо Килингтон е писател, сценарист, активист на социјалните мрежи. Негови досегашни дела се: романите „Есента во животот на професорот по марксизам“, „Уништување“ и „Денот кога не се разбудив“, како и поетската книга „Аутопсија на љубовта“, сите во издание на „Арс Ламина“.
Книгата е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн на www.literatura.mk.
Можеби ќе ве интересира
Porsche 911 Spirit 70: уникатно чувство на слобода

Македонски стартап тимови на српскиот „Универзум“ - Компанијата „Mozzart“ Србија го почнува четвртиот циклус на стартап програмата „Универзум“

ЕДС со нов менаџмент и нови иновативни пакети за снабдување со електрична енергија

Повеќе од 1 милион денари за зелени иницијативи: ДМ дрогерие маркт поддржува еко-проекти за заштита на животната средина

Македонскиот синџир маркети СТОКОМАК, препознатлив по ниските цени, официјално почна и го отвори првиот маркет во Република Србија

Побрзајте, остануваат уште неколку дена за пријавување на HalkEco Скопје Трча 10КМ!

ВИДЕОЛОТАРИЈА СО ДОНАЦИЈА ЗА ЗДРУЖЕНИЕТО ДОБРОВОЛНО ПРОТИВПОЖАРНО ДРУШТВО КОЧАНИ

Работилница на „Макпетрол“ против врсничко насилство за родителите од Илинден и Петровец

Mint FinTech Group добитник на наградата за највисок ребрендинг раст во 2024 година
